Насоки за постапување добиени од Министерство за образование и наука

Почитувани,
Согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за основното образование за време на вонредна состојба со дел. број 44-2445/1 од 23.03.2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 76/2020) и Уредбата со законска сила за примена на Законот за средното образование за време на вонредна состојба со дел. број 44-2446/1 од 23.03.2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 76/2020), Министерството за образование и наука, Ве известува за следното:
Уредбите за основното и средното образование се со законска сила за времетраење на вонредната состојба во Република Северна Македонија. Законот за основното образование и Законот за средното образование ќе се применуваат за времетраење на вонредната состојба, доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.
За реализација и организација на наставата во основните и средните училишта за времетраење на вонредната состојба се применуваат одредбите од уредбите со законска сила дадени во прилог.
Наставата во основните и средните училишта се организира преку далечинско учење односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација. Средствата за електронска комуникација обезбедуваат реализација на наставата без заедничко физичко присуство на учесниците во наставниот процес и кои овозможуваат взаемна двонасочна комуникација.
Средствата за електронска комуникација можат да бидат видеоконференциски платформи, електронска пошта или други системи за електронска размена на податоци.
За употребата на видот на средствата за електронска комуникација, одлука донесуваат основните, односно средните училишта.

Едукативните алатки кои може да ги користите во Вашите училишта, а се одобрени/предложени од страна на Владата се:

Microsoft Teams платформа која овозможува споделување на документи, презентации помеѓу наставниците и ученици и служи како алатка за подобра комуникација со сите вработени во училиштето.
Google Classroom е алатка за е-училница. Бесплатна веб- услуга, развиена за училиштата, која ви овозможува да подготвите, предавате, Оценувате, следите и анализирате. Со користењето на оваа алатка се поедноставува работењето на далечина, вклучувајќи ги дополнителните алатки за прикачување на документи, презентации и тестови (Google Drive, Google Docs, Google Calendar).
Google Drive претставува бесплатен виртуелен простор кај што ќе може да ги прикачите и зачувате сите ваши папки со документи, тестови, распореди, презентации. Дополнително е олеснително што конкретни папки може да ги споделувате со наставниците/ учениците во зависност од вашите потреби.
Edmodо претставува комуникациска, едукативна алатка за учениците и наставниците. Едукативната платформа овозможува комуникација и размена на содржини помеѓу наставниците и учениците. Оваа платформа на наставниците им овозможува лесно и едноставно креирање на тестови и Квизови. Дополнително и корисно е тоа што оваа платформа овозможува и вклучување на родителите

Основните и средните училишта покрај предложените едукативни алатки можат да користат и други средства за електронска комуникација кои ќе обезбедат реализација на наставата без заедничко  физичко присуство на учесниците во наставниот процес и кои овозможуваат взаемна двонасочна комуникација. 

СООПШТЕНИЕ ЗА Е-УЧЕЊЕ ВО ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ДЕМИР ХИСАР

По донесената уредба со законска сила наставата задолжително треба да се организира преку е-учење односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација кои се соодветни за организирање на е-учење. Ги повикуваме сите ученици да се приклучат и да бидат активни во оваа настава затоа што исто така и оценувањето ќе се врши онлајн и истото е регулирано со уредба со законска сила донесена од страна на владата.

Се продолжува важноста на претходно обезбедените потврди на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години

Согласно Заклучокот на Владата од 25-тата седница од 21 март 2020, дека сите заклучоци, мерки, насоки и препораки во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 важат до завршување на периодот на постоење на вонредна состојба, ги известуваме сите вработени и работодавачи дека претходно обезбедените потврди издадени од градинките, основните училишта и центрите за социјална работа за корисниците на услугата дневен центар за деца/лица со попреченост, на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години (или активно 4 одделение), продолжуваат да важат и по 24 март 2020 година, односно нивната важност се продолжува до завршување на вонредната состојба.

Истото се однесува и на вработените со хронични состојби и бремени жени, кои се опфатени со мерките.

Јавното здравје е заедничка одговорност, само заеднички можеме да се заштитиме, апелираме сите да ги почитуваат препораките.

УСВОЕНА ПРВАТА НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ДАЛЕЧИНСКО УЧЕЊЕ – ЕДУИНО

УСВОЕНА ПРВАТА НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ДАЛЕЧИНСКО УЧЕЊЕ – ЕДУИНО

Драги ученици, наставници и родители,

Е – Училница е место на кое ќе најдете видео лекции за предметите кои се изучуваат во училиште. Овие видео лекции се направени од наставници ширум земјата со цел да послужат како дополнителен ресурс во процесот на учење и совладување на наставните содржини.
Видеата се групирани според одделенијата во основно образование и според задолжителните предмети кои се изучуваат во нив. Откако ќе го одберете вашето одделение и предметот, ќе добиете листа на веќе подготвените видео лекции и со едноставен „КЛИК“ ќе ви се отвори видео од некој од нашите фантастични наставници.
Имајте на ум дека наставниците постојано вредно работат и снимаат нови видеа, па затоа посетувајте ја често Е – Училница за да видите што ново сме подготвиле за вас.

Ви посакуваме многу успех!

Интервју со стручните соработници на тема: „ЗОШТО ТРЕБА ДА ЧИТАМЕ?“

Поради тоа што читањето е една од најважните работи во социјализацијата на децата, новинарската секција во рамките на својата програма направи интервју со стручните соработници на тема: „ЗОШТО ТРЕБА ДА ЧИТАМЕ?“ Тука може да го прочитате ова интервју.

1. Зошто е важно децата да читаат книги?
Многу е важно да имаме навика за читање на книги. Уште од најмала возраст важно е читањето кај децата. Децата на кои им се читаат книги уште од најрана возраст се покажало дека се развиваат побрзо, подобро комуницираат и брзо учат. Децата уживаат додека им се чита посебно ако ги имитираме јунаците од приказните. Децата кои читаат книги имаат развиена говорна култура, добро се изразуваат. Книгата не носи на необични патувања и не запознава со нови пријатели. Со неа учиме и откриваме нови нешта. Доаѓаме до нови сознанија и нови информации.

2.Според вас какви книги треба да се читаат?
Првиот чекор во изборот на книгите го прават родителите. Многу е важен изборот на книгите. Тие треба да бидат со квалитетна содржина и инспиративни приказни за децата од помала возраст.
Постојат повеќе жанрови /видови/ на детски книги.
Потребно е вие на ваша возраст да ги читате лектирите кои се задолжителни но исто така и лектири кои се понудени како изборни. Секогаш кога имате доволно време на пр. за летен или зимски одмор да прочитате и некоја друга книга, некое романче кое соодвествува на вашата возраст.

3.Кои се придобивките од читањето книги?
– Проширување на речникот
-Читањето го подобрува помнењето
-Зголемување на способноста за размислување
-Подобрување на концетрацијата
-Читањето ја подобрува емпатијата
-Читањето е забавно

4.Како би ги мотивирале децата да читаат книги?
Најдобриот начин за вродување на љубовта кон книгите е преку моделирање на однесувањето и читањето во семејството. На децата мора да им се покаже дека ги сакаме книгите и дека уживаме во читањето. Тоа ќе го мотивира детето да почне да чита. Исто така треба да се пофалат за трудот кој го вложиле читајќи некоја убава книга. Да се разговара почесто на оваа тема укажувајќи на тоа дека колку повеќе читаме толку повеќе стануваме сигурни и ја градиме нашата сопствена самодоверба.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДАЛЕЧИНСКО УЧЕЊЕ ОДНОСНО УЧЕЊЕ ОД ДОМА СО ПРИМЕНА НА СРЕДСТВА ЗА ЕЛЕКТРОНСКА КОМУНИКАЦИЈА!

Владата донесе Уредби со законска сила за примена на Законот за основното и средно образование за реализација и организација на наставата во училиштата и за оценувањето на учениците за времетраење на вонредната состојба. Според одредбите од оваа уредба со законска сила наставата ќе се организира преку далечинско учење односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација.

Средства за електронска комуникација, во смисла на оваа Уредба се средства кои обезбедуваат реализација на наставата без заедничко физичко присуство на учесниците во наставниот процес и кои овозможуваат заемна двонасочна комуникација. Средства за електронска комуникација можат да бидат видео-конференциски платформи, електронска пошта или други системи за електронска размена на податоци.

За употреба на видот на средствата за електронска комуникација од став 2 на овој член одлука донесува училиштето. За периодот на организирање на наставата во училишта преку далечинско учење односно учење од дома, наставникот може да изврши оценување на учениците. Со примена на средствата за електронска комуникација може да се спроведат испрашувања, тестирања на учениците или да се користат други форми на утврдување и оценување на знаењето на ученикот.

Ве известуваме дека и покрај привремениот прекин на воспитно – образовниот процес, образовната надградба на учениците од ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар продолжува преку online настава односно учење од дома. Наставата ќе се одвива преку средства за електронска комуникација соодветни за вршење на online настава, а учениците од страна на нивните наставници ќе бидат организирани во групи според предмети и одделенија.

Eдукативна презентација за вирусот Covid-19

Ученичката Климентина Стевковска од VII одделение по предметот Информатика изработи едукативна презентација за да не запознае со вирусот Covid-19 и да не потсети уште еднаш како да постапуваме за да се заштитиме од вирусот.

Презентацијата може да ја погледнете тука: Корона вирус