Мрежата на училиштето се состои од едно деветгодишно училиште со седиште во Демир Хисар и 6 петгодишни училишта во населбите: Суводол, Вардино, Света, Единаковци, Журче и Слепче.
Зградата во ПУ с.Стругово е изградена во 1965 година. Градена е наменски, добро е очувана, финкционална и ги задоволува потребите. Дворното место е со површина од 2.450 м2. Оградено е и уредено.
Зградата вп ПУ с.Загориче е изградена во 1974 година. Градена е наменски и е функционална. Дворното место е со површина од 550 м2. Од 01.09.1999 година поради малиот број на ученици настава не се изведува. Учениците од населбите Утово и Загориче настава посетуваат во Основното училиште “Гоце Делчев” Демир Хисар.
Зградата во ПУ с.Суводол е изградена во 1986 година. Очувана е, функционална и ги задоволува потребите. Дворното место е со површина од 2.000 м2, истото е уредено и оградено.
Зградите на Подрачните училишта: Единаковци, Журче и Прибилци се градени во времето од 1934 до 1948 година. Градени се наменски, но поради начинот на градбата и повеќегодишната употреба се во голема мера руинирани и оштетени. Дворните места се со површина од 1.200 до 2.000 м2. Оградени се но недоволно уредени.
Училишната зграда во с.Света во учебната 2008/2009 година беше реновирана при што беше заменет покривот на училиштето, променета дограмата и поставен нов патос во една училница и канцеларијата. Во 2011 беше реновиран ходникот.
Во сите ПУ затоплувањето е со печки на дрва. Сите училишни згради се обезбедени со чиста вода за пиење. Во составот на зградата во ПУ с.Суводол се вградени санитарни јазли. Во останатите Подрачни училишта се користат полски санитарни чворови кои заклучно со 2003 година се обновени.