Училиштето располага со 11 згради од кои 1 за потребите на Основното и 7 за потребите на Подрачните училишта и Спортска сала “Јордан Пиперката” која е оддалечена 2km од зградата на основното училиште.
Зградата на Основното училиште е градена во текот на 1965/66, а со работа во неа е отпочнато на 01.02.1966 година. Лоцирана е во населбата Демир Хисар на ул.”Битолска” бб. Градена е наменски, добро е очувана, е функционална и ги задоволува потребите.
Училиштето располага со 2.600 м2 корисна површина или 7,93 m2 по ученик од која 1.186,25 m2 е училнички простор. Располага со фисклутурна сала со површина 195 m2, кујна и трпезарија од 115,65 m2, библиотека со 34,20 m2 и други помошни простории. Затоплувањето е со централно греење на нафта и дрва.
Дворното место е со површина од 11.380 m2. Истото е оградено, хортикуларно уредено со зимзелени и други растенија, со патеки, клупи за седење летна училница, фонатана и вода за пиење. Има асфалтиран терен за постројување на учениците и мини спортски терен.
Од пред неколку учебни години на учениците на располагање им е и мала спортска сала.
Како дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт, изградено е повеќенаменското игралиште во кругот на ООУ „ Гоце Делчев “ Демир Хисар. Игралиштето е изградено на стариот спортски полигон со димензии 45mх28m, асфалтен терен, жичена ограда, бекатонска патека, комплетно осветлување за спортување навечер, поставени се кошеви, стативи за мали спортови и клупи. Повеќенаменското игралиште создава услови за спортување и рекреација во повеќе спортски дисциплини: мал фудбал, кошарка, ракомет.
Име на училиштето | ООУ „Гоце Делчев“ |
Адреса, општина, место | ул. „Битолска“ бб, Демир Хисар |
Телефон | 047/276-331 |
Фах | 047/276-331 |
Е-маил | gocedelcevdh@t.mk, gocedelcevdh1@gmail.com |
Верификација-број на актот | 09-2368/5 |
Година на верификација | 2002 година |
Јазик на кој се изведува наставата | Македонски |
Година на изградба | 1966 година |
Тип на градба | Тврда |
Површина на објектот | 2.512 m2 |
Површина на училишниот двор | 9.206 m2 |
Површина на спортски терени и игралишта | 650 m2 |
Училиштето работи во една смена | Прва смена |
Начин на загревање на училиштето | Нафта и дрва |
Број на одделенија | 1-9 |
Број на паралелки | 32 |
Број на смени | Една смена |
Број на Подрачни училишта | 6 |
Статус на еко-училиште / зелено знаме, сребрено или бронзено ниво/ | / |
Датум на добиен статус | / |