Населбата Демир Хисар е централно место во општината и денес истата е урбанизирана населба од градски тип и ги има сите услови на мало гратче. Рељефот го сочинуваат ниски и високи планини, со бујна вегетација на шуми што условува жителите од ова подрачје да се занимаваат со земјоделство и сточарство. Малото стопанство не е доволно развиено поради голем број на објективни околности.
Според последниот попис, општината има 41 населено место со вкупно 9.510 жители од кои 9.194 – Македонци, 232-Албанци, 7- Власи; 35-Турци, 11- Роми, 13- Срби и 18 други националности.
Населбата Демир Хисар денес претставува културен, образовен и административен центар за поширокото подрачје на Демирхисарската општина.
Во непосредна близина на училиштето се наоѓа Здраствениот дом Демир Хисар во кој е сместена школска амболанта со лекар и стоматолог.
Голем е бројот на писатели, поети, уметници и научници, со познати и признати дела кои потекнуваат од овој крај.
Основното училиште “Гоце Делчев” Демир Хисар се наоѓа од левата страна на магистралниот пат Битола – Кичево на ул.”Битолска”, во непосредна близина на Здравствениот дом и СОУ “Крсте П Мисирков” Демир Хисар.
Тел.: (+389) 47 276 331,
Факс: (+389) 47 202 481
Е-mail: gocedelcevdh@t.mk, gocedelcevdh@gmail.com