ПРАШАЛНИК ЗА УЧЕНИЦИ
СООПШТЕНИЕ ЗА УПИС НА ПРВАЧИЊА
ИНФОРМАЦИИ ЗА УПИС НА ПРВАЧИЊА
ООУ „ Гоце Делчев“ Демир Хисар во врска со запишувањето на децата во прво одделение , а во согласност со Законот за основно образование го соопштува следното:
Во учебната 2021/2022 година во прво одделение ќе се запишуваат:
Ученици кои на крајот на календарската година ќе наполнат 6 години, односно сите деца родени 2015 година. Во прво одделение може да се запише и дете доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по барање од родителот и добиено мислење од стручните соработници во училиштето.
Запишувањето ќе го врши Комисија составена од стручните соработници на училиштето и одделенски наставник.
Потребни документи за запишување во прво одделение:
–ИЗВОД НА РОДЕНИ ( без оглед на датумот на издавање)
-ЛИЧНА КАРТА НА РОДИТЕЛОТ/СТАРАТЕЛОТ
–ПОТВРДА за примените задолжителни вакцини на детето
– ПОТВРДА за извршен стоматолошки преглед или упат за закажан преглед
–ПОТВРДА за офталмолошки преглед. Доколку истата родителот не ја достави при уписот потребно е да приложи упат за вршење на офталмолошки преглед. По добивањето на истата родителот веднаш треба да ја достави во училиштето, но не подоцна пред започнувањето на учебната 2021/2022 година.
Родителот е должен да го запише ученикот лично во ООУ „ Гоце Делчев“ Демир Хисар на датумот кој е означен во неговото известување. Истиот ден во времето означено во известувањето ќе се изврши систематски и стоматолошки преглед во Здравствениот дом за што е потребно да носат и здравствена книшка и електронска картица од каде и ќе ни биде доставена потврда за преглед на забите и потврда за примени вакцинации.
Училиштето при запишување на учениците доследно ќе го применуваат Протоколот за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта.
Од оваа учебна година родителот ќе има можност и електронски да ги прикачи документите на детето за запишување на сајтот на www.uslugi.gov.mk, но останува можноста лично да бидат доставени при уписот на детето. Дополнителни информации на сајтот.
ЛИКОВЕН КОНКУРС НА ТЕМА: „ ГОЦЕ – НАША ЅВЕЗДА ВОДИЛКА“
Општинското основно училиште „ Гоце Делчев“ Демир Хисар по повод Патрониот празник 4 Мај, распишува
ЛИКОВЕН КОНКУРС НА ТЕМА: „ ГОЦЕ – НАША ЅВЕЗДА ВОДИЛКА“
По повод Патрониот празник 4 Мај, ООУ Демир Хисар распишува награден ликовен конкурс на тема: „ Гоце – наша ѕвезда водилка“.
Право на учество имаат сите ученици од прво до деветто одделение.
Учениците кои наставата ја посетуваат со физичко присуство потребно е творбите да ги достават кај одделенските наставници, а учениците кои ја следат наставата онлајн потребно е да ги достават во електронска форма со име, презиме и одделение на следната емаил адреса: elenalikovno@gmail.com
Творбите ќе ги прегледува Комисија.
Најдобрите ликовни творби ќе бидат наградени со диплома и објавени на веб страната на училиштето.
Конкурсот ќе трае до 15.04.2021 година.
30.03.2021 година Од Комисијата
Демир Хисар за спроведување на конкурсот
ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС НА ТЕМА: „ ГОЦЕ – НАША ЅВЕЗДА ВОДИЛКА“
Општинското основно училиште „ Гоце Делчев“ Демир Хисар по повод Патрониот празник 4 Мај, распишува
ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС НА ТЕМА: „ ГОЦЕ – НАША ЅВЕЗДА ВОДИЛКА“
По повод Патрониот празник 4 Мај, ООУ “ Гоце Делчев“ Демир Хисар распишува награден литературен конкурс на тема:„ Гоце – наша ѕвезда водилка“.
На конкурсот можат да се доставуваат литературни творби во проза или поезија.
Право на учество имаат сите ученици од прво до деветто одделение.
Учениците кои наставата ја посетуваат со физичко присуство потребно е творбите да ги достават кај одделенските наставници, а учениците кои ја следат наставата онлајн потребно е да ги достават во електронска форма со напишано име, презиме и одделение на следната емаил адреса: verka_ristevska@outlook.com
Творбите ќе ги прегледува Комисија.
Најдобрите литературни творби ќе бидат наградени со диплома и објавени на веб страната на училиштето.
Конкурсот ќе трае до 15.04.2021 година.
30.03.2021 година Од Комисијата
Демир Хисар за спроведување на конкурсот