ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС НА ТЕМА: „ ГОЦЕ – НАША ЅВЕЗДА ВОДИЛКА“

Општинското основно училиште  „ Гоце Делчев“ Демир Хисар по повод Патрониот празник  4 Мај,  распишува

ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС НА ТЕМА:  „ ГОЦЕ – НАША ЅВЕЗДА ВОДИЛКА“

По повод Патрониот празник  4 Мај, ООУ  “ Гоце Делчев“ Демир Хисар распишува награден литературен конкурс на тема:„ Гоце – наша ѕвезда водилка“.

На конкурсот можат да се доставуваат литературни творби во проза или поезија.

Право на учество имаат сите ученици од прво до деветто одделение.

Учениците кои наставата ја посетуваат со физичко присуство потребно е творбите да ги достават кај одделенските наставници, а учениците кои ја следат наставата онлајн потребно е да ги достават во електронска форма со напишано име, презиме и одделение на следната емаил адреса: verka_ristevska@outlook.com

Творбите ќе ги прегледува Комисија.

Најдобрите литературни творби ќе бидат наградени со диплома и објавени на веб страната на училиштето.

Конкурсот ќе трае до 15.04.2021 година.

30.03.2021 година                                              Од Комисијата

  Демир Хисар                                            за спроведување на конкурсот

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *