ИНФОРМАЦИИ ЗА УПИС НА ПРВАЧИЊА

ООУ „ Гоце Делчев“ Демир Хисар во врска со запишувањето на децата во прво одделение , а во согласност со  Законот за основно образование го соопштува следното:

Во учебната 2021/2022 година во прво одделение ќе се запишуваат:

Ученици кои на крајот на календарската година ќе наполнат 6 години, односно сите деца родени 2015 година. Во прво одделение може да се запише и дете доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по барање од родителот и добиено мислење од стручните соработници во училиштето.

Запишувањето ќе го врши Комисија составена од стручните соработници на училиштето и  одделенски наставник.

Потребни документи за запишување во прво одделение:

 –ИЗВОД НА РОДЕНИ ( без оглед на датумот на издавање)

-ЛИЧНА КАРТА НА РОДИТЕЛОТ/СТАРАТЕЛОТ

ПОТВРДА за примените задолжителни вакцини на детето

ПОТВРДА за извршен стоматолошки преглед или упат за закажан преглед

ПОТВРДА за офталмолошки преглед. Доколку истата родителот не ја достави при уписот потребно е да приложи упат за вршење на офталмолошки преглед. По добивањето на истата родителот веднаш треба да ја достави во училиштето, но не подоцна пред започнувањето на учебната 2021/2022 година.

Родителот е должен да го запише ученикот лично  во ООУ „ Гоце Делчев“ Демир Хисар на  датумот кој е означен  во неговото известување. Истиот ден во времето означено во известувањето ќе се изврши систематски и стоматолошки преглед во Здравствениот дом за што е потребно да носат и здравствена книшка и електронска картица од каде и  ќе ни биде доставена потврда за преглед на забите и потврда за примени вакцинации.

Училиштето при запишување на учениците доследно ќе го применуваат Протоколот  за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта.

Од оваа учебна година родителот ќе има можност и електронски да ги прикачи документите на  детето за запишување на сајтот на www.uslugi.gov.mk, но останува можноста лично да бидат доставени при уписот на детето. Дополнителни информации на сајтот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *