Интервју со стручните соработници на тема: „ЗОШТО ТРЕБА ДА ЧИТАМЕ?“

Поради тоа што читањето е една од најважните работи во социјализацијата на децата, новинарската секција во рамките на својата програма направи интервју со стручните соработници на тема: „ЗОШТО ТРЕБА ДА ЧИТАМЕ?“ Тука може да го прочитате ова интервју.

1. Зошто е важно децата да читаат книги?
Многу е важно да имаме навика за читање на книги. Уште од најмала возраст важно е читањето кај децата. Децата на кои им се читаат книги уште од најрана возраст се покажало дека се развиваат побрзо, подобро комуницираат и брзо учат. Децата уживаат додека им се чита посебно ако ги имитираме јунаците од приказните. Децата кои читаат книги имаат развиена говорна култура, добро се изразуваат. Книгата не носи на необични патувања и не запознава со нови пријатели. Со неа учиме и откриваме нови нешта. Доаѓаме до нови сознанија и нови информации.

2.Според вас какви книги треба да се читаат?
Првиот чекор во изборот на книгите го прават родителите. Многу е важен изборот на книгите. Тие треба да бидат со квалитетна содржина и инспиративни приказни за децата од помала возраст.
Постојат повеќе жанрови /видови/ на детски книги.
Потребно е вие на ваша возраст да ги читате лектирите кои се задолжителни но исто така и лектири кои се понудени како изборни. Секогаш кога имате доволно време на пр. за летен или зимски одмор да прочитате и некоја друга книга, некое романче кое соодвествува на вашата возраст.

3.Кои се придобивките од читањето книги?
– Проширување на речникот
-Читањето го подобрува помнењето
-Зголемување на способноста за размислување
-Подобрување на концетрацијата
-Читањето ја подобрува емпатијата
-Читањето е забавно

4.Како би ги мотивирале децата да читаат книги?
Најдобриот начин за вродување на љубовта кон книгите е преку моделирање на однесувањето и читањето во семејството. На децата мора да им се покаже дека ги сакаме книгите и дека уживаме во читањето. Тоа ќе го мотивира детето да почне да чита. Исто така треба да се пофалат за трудот кој го вложиле читајќи некоја убава книга. Да се разговара почесто на оваа тема укажувајќи на тоа дека колку повеќе читаме толку повеќе стануваме сигурни и ја градиме нашата сопствена самодоверба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *