ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДАЛЕЧИНСКО УЧЕЊЕ ОДНОСНО УЧЕЊЕ ОД ДОМА СО ПРИМЕНА НА СРЕДСТВА ЗА ЕЛЕКТРОНСКА КОМУНИКАЦИЈА!

Владата донесе Уредби со законска сила за примена на Законот за основното и средно образование за реализација и организација на наставата во училиштата и за оценувањето на учениците за времетраење на вонредната состојба. Според одредбите од оваа уредба со законска сила наставата ќе се организира преку далечинско учење односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација.

Средства за електронска комуникација, во смисла на оваа Уредба се средства кои обезбедуваат реализација на наставата без заедничко физичко присуство на учесниците во наставниот процес и кои овозможуваат заемна двонасочна комуникација. Средства за електронска комуникација можат да бидат видео-конференциски платформи, електронска пошта или други системи за електронска размена на податоци.

За употреба на видот на средствата за електронска комуникација од став 2 на овој член одлука донесува училиштето. За периодот на организирање на наставата во училишта преку далечинско учење односно учење од дома, наставникот може да изврши оценување на учениците. Со примена на средствата за електронска комуникација може да се спроведат испрашувања, тестирања на учениците или да се користат други форми на утврдување и оценување на знаењето на ученикот.

Ве известуваме дека и покрај привремениот прекин на воспитно – образовниот процес, образовната надградба на учениците од ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар продолжува преку online настава односно учење од дома. Наставата ќе се одвива преку средства за електронска комуникација соодветни за вршење на online настава, а учениците од страна на нивните наставници ќе бидат организирани во групи според предмети и одделенија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *