План и протоколи за постапување на основните и средните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година
Ве информираме дека после донесените план и протоколи за постапување на основните и средните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година од страна на МОН, нашето училиште започна со интензивни подготовки согласно обврските во Планот и протоколите. Планот и протоколот, како и aлгоритамот за постапување во училиштата во случај на појава на ученик со симптоми, сомнителен/позитивен на ковид-19 може да ги прочитате тука:
План за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година
СООПШТЕНИЕ ЗА УПИС НА ПРВАЧИЊА
С О О П Ш Т Е Н И Е
ООУ „ Гоце Делчев“ Демир Хисар во врска со запишувањето на децата во прво одделение , а во согласност со Концепцијата за деветгодишно основно воспитание и образование и Законот за основно образование го соопштува следното:
Во учебната 2020/2021 година во прво одделение ќе се запишуваат:
Ученици кои на крајот на календарската година ќе наполнат 6 години, односно сите деца родени 2014 година. Во прво одделение може да се запише и дете доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по барање од родителот и добиено мислење од стручните соработници во училиштето.
Запишувањето ќе го врши Комисија составена од стручните соработници на училиштето и одделенски наставник. Комисијата треба да ги набљудува децата, да води разговор со нив, а своите за белешки да ги запишува.
Родителот е должен да го запише ученикот лично со ИЗВОД НА РОДЕНИ ( без оглед на датумот на издавање) во ООУ „ Гоце Делчев“ Демир Хисар на датумот кој е означен во неговото известување. Истиот ден во времето означено во известувањето ќе се изврши систематски и стоматолошки преглед во Здравствениот дом за што е потребно да носат и здравствена книшка и електронска картица од каде и ќе ни биде доставена ПОТВРДА за примените задолжителни вакцини на детето и ПОТВРДА за преглед на забите.
Училиштето при запишување на учениците доследно ќе го применуваат Протоколот за утврдување на процедурата за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта: носење на заштитни маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена.
Д и р е к т о р
Наташа Коруновска
Литературни творби „Гоце Делчев“
Гоце Делчев
Гоце Делчев е херој наш
кој се бореше храбро и смело,
за ние вечно да се гордееме
со неговото дело.
Пушка преку рамо,
македонски народ
да ослободиме и таму.
Изговорено од Гоце.
Македонски херој
Гоце – јунак кој
се бореше за Македонија.
Мајка Македонија вечно
ќе ја љубам,
за неа живот јас ќе губам
Тргнати од рана зора,
кога бимбил пее в’гора.
Кога Гоце со својата чета
во ред, во битка секој пораз
на противникот на Гоце блед образ.
Во војна на 4-мај
Гоце живот да даде иде.
Мила,наша Македонија
вечно слобода да биде.
Тамара Мицковска VIв
Вечната трага на Гоце
Благословен да е нивниот плод,
за идеологија на македонскиот род.
Од татко Никола и Султана мајка,
се роди херој како од бајка.
Се жртвуваше без да се кае,
за него и најмало дете знае.
Идејата негова вечно пламти,
и по 120 години се памти.
Дека светот е поле за битка
секој со своето да има ситка
за културен и спортски дух
и за другиот да има слух.
Орли над неговото тело летаа
додека тирани со часови околу шетаја
не беа сигурни во мртвото тело
но не,не заврши таму Гоцевото дело.
Тој е водачот и херој наш
затоа што е вистински македонски маж со идеите и неговите дела
и денес Македонија е по смела.
Затоа, не го изговарајте неговото име
напразно, без почит и поклонување
тој е сонце што не прати
и дај Боже како Исус да се врати !
Маја Тасевска IXв одд
„Гоцевото име со гордост да го славиме“
4-ти Февруари 1872…
Детски плач во Кукуш се слушна,
горд е татко Никола за своето прво чедо,
а мајка Султана во својот скут силно го гушна.
Тогаш како дете, зелени полјани газеше
и од Османлиите не се плашеше,
во иднина војвода славен стана,
а Турците златни лири даваа за неговата глава.
Од смртта Гоце не се плашеше,
за слобода животот не го жалеше,
секогаш храбро со чекор пред сите,
како револуционер во битки му минуваа дните.
На 4-ти Мај 1903…
Во Баница се зазоруваше…
Турски аскер сардиса село,
Гоцевата чета даваше отпор и се бореше смело.
Куршум од непријателот се зари во Гоцевите гради,
а неговата верна дружина, мртвото тело жедно го брани.
За својата втора мајка загина Гоце
сеуште поробена, без слобода сушна,
горите, дружината, народот тажи
лелек се слуша за Гоцевата душа.
Во „Смрт или слобода“ заколнат беше
љубовта кон татковината го водеше,
затвори очи горд на својот крај
остави да се слави неговото име со патриотски сјај.
Доближи се до земјата на Делчев ќе се сетиш
зарем не ти доаѓа со солза во око да си ветиш?
Ветување за слободна Македонија да дадеш
горд на Гоцевото дело да останеш.
Како народ македонски чекориме по земјата своја,
должни сме да ја сочуваме црвено-жолтата боја.
Борбата за независност никогаш да не ја заборавиме,
Гоцевото име со гордост да го славиме.
шифра: „татковина“ – IX-a одд
Гоце Делчев
Во славниот Кукуш
се роди јунак мал
кој за својата
татковина
животот би си го дал.
Порасна јунак славен
горд, храбар и смел,
но во Баница…
тоа проклето село
го погоди куршум
врел!
За неговата храброст
во историјата се
пишува,
во песните се опејува,
а името негово
насекаде се
споменува.
Шифра: цвет – VI
Гоце Делчев Шифра:Бисери, VI одд
Ѓорѓи Николов Делчев познат како Гоце Делчев.Роден на 4-ти
февруари 1872г во Кукуш.Гоце Делчев бил идеолог, организатор и
водач на македонското револуционерно национално ослободително
движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.Тој бил јунак наш, на
нашата држава.
Ѓорѓи Делчев од својата мајка Султана, бил нагалено наречен
Гоце, име кое било често во Кукуш. Името Гоце е галовен облик од
името Ѓорѓи, а тоа е резултат од широкото распространето
словенизирање на старите, од туѓ корен, христијански лични имиња.
Тој се школувал во Кукуш , каде што завршил прогимназиско
образование во Солун, во Солунската машка гимназија. Гоце Делчев е
еден од најистакнатите македонски национални херои и борци за
независна и слободна Македонија.Мајка и татко на Гоце Делчев му
биле Султана Нурџиева Делчева и Никола Делчев.А на крај тој умрел во
Баница 4-ти мај 1903.
Гоце Делчев
Гоце Делчев јунак наш
за нас ти се бореше
и за среќен крај се молеше.
Јунак славен што во нашето школо е главен
на 4ти кобен мај тој војвода славен
го убија јунакот голем и вреден
што во нашите срца никогаш нема да е победен.
Шифра: Виножито 2
VI одделение
Песна
Гоце Делчев
Тој е крал наш,
Непобедлив и силен како мраз.
Неговото срце,
Е силно како ахиловата пета.
Тој е цар,
А пушката негова кралица.
Борбата со турците му била последна,
Го загуби животот свој.
Цел народ плаче,
Додека неговата кутра баба се маче.
Тој е многу милен,
Со крилјата во рајот свилен.
Сонцето плаче за него,
И пчелите со медот.
Македонците немаат небо,
Без него.
Неговата историја е горда,
А без него борда.
За него има многу книги,
И се борел за неговите најмили.
Илуминатик 3, VI одд
Песна за Гоце Делчев
Песна пишувам за тебе хероју
Наш.
Песна пишувам за тебе јунаку
Наш.
Ти го даде својот живот за
Сите нас.
За тебе пее цела Маќедонија
За тебе пеат птиците, горите
За Гоце Делчев голем војвода
Наш.
Ти беше голем човек, со
Гордо срце
хероју наш кој си вечен-
Во незаборав.
Шифра:Пеперутка, VI одд
Гоце Делчев, Шифра:Пролет
На 4 мај 1903 кобна,
во селото Баница, во тешка борба
загина Гоце Делчев
јунак наш.
Животот го даде за нас,
за Македонија,
Македонија слободна
да биде.
Македонија слободна да биде.
Кога Гоце Делчев загина,
Од Егеј до Шар Планина
сите мајки и сестри се расплакаа.
Го нема веќе Гоце Делчев ,
Но, во срцата нашиго има,
сеуште стои
на истото место.
Но, тој на народот
Наш клетва му остави
Македонското име вечно да биде,
сите да се борат, да не се предааат.
Песна: ”Гоце Делчев”
Наша голема гордост е тој,
За татковината го дал животот свој.
Борец храбар и смел,
Да ја спаси татковината беше негова цел.
Баница во својата земја го зави,
На луѓето голема болка во срцето им стави.
За него секогаш ќе се раскажува,
Тој гордост секаде ќе прикажува.
VI одделение
Шифра: Месечина
Гоце Делчев
Ако некој се запраша кој бил најголемиот
револуционер, патриот и неуморен борец за
слободата на Македонија, ќе кажам дека тоа е
Гоце Делчев. Тој бил Македонец во вистинска
смисла на зборот. Ѓорѓи Николов Делчев познат
кај народот како Гоце Делчев е роден на 4ти
Фебруари 1872 година во Кукуш, Егејска
Македонија. Тој бил првото дете на таткото
Никола и мајката Султана. Како дете бил многу
послушен и примерен ученик, а кога ќе видел
некоја неправда кон послабите, тој секогаш
застанувал во нивна одбрана. Завршил гимназија
во Кукуш, продолжил да се школува во Солун и
во Софија. Подоцна предавал четири предмети:
геометрија, историја на природата, географија и
француски јазик во Штип и Банско. Најголем и
најверен другар, се до смрта му бил Даме
Груев.
Гоце Делчев бил голем револуционер па самиот
тој велел: ,,Јас не ги мразам Османлиите како
народ, јас војувам против османлиската
тиранија која со векови владее со Македонкиот
народ… Дали може да има друго место за еден
Македонец, освен Македонија? Дали има и
народ понесреќен од македонскиот? И дали има
некаде пошироко поле за работа отколку во
Македонија…”.
Подоцна ја прекинал учителската дејност и
целосно и се посветил на револуцијата.
Месец дена пред прераната смрт на Гоце
Делчев, неколку пати се сретнал со Даме Груев
кој дискутирале за кревање на востание. На 2ри
Мај 1903 година Гоце пристигнал во селото
Баница каде што се нашол со своите
соработници. Но клетите турци го опколиле
селото. Кога разбрал Гоце Делчев, утрото на 4ти
Мај заедно со неговата дружина се обиделе да
го спасат селото, но турците притискале од сите
страни и ја погубиле цела чета, а Гоце Делчев
бил погоден при полнење на пушката.Паднал
врз неа и така згаснал неговиот живот. Гоце
Делчев го даде животот за својата татковина.
Сите Македонци треба да се благодарни и да се
поклонуваат пред неговиот лик и дело.
Шифра: Сонце
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ- Шифра: Гоце Делчев херој над хероите – VI одд
Со тага и солзи
Во моите очи
Песна за јунакот Гоце пеам
И солзи леам.
Тешки битки се водат
Во срцата болки бродат,
Јуначки животи гинат
Турските окови да минат.
Јунакот Гоце падна
На земјата црна, ладна
Потече крвта врела
Заплака Македонија цела.
Да живее слободно народот мој
Да не се грижат за децата свој,
Ќе растат слободно
Како птици во лет
Ги нема повеќе
Турските векови пет.
Гоце делчев
Гоце делчев е нашиот херој
на нашата татковина тој е еден и единствен.
Тој се бореше и се жртвуваше за сите нас
САКАЈТЕГО ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
БИДЕЈЌИ И ТОЈ НЕ САКА НАС!!!
Ермира весељи 7а одд
С.Суводол
Гоце Делчев
Во Кукуш се родил ,
За слобден живот да се бори.
Го мразел душманот клет ,
го сакал гулабот во лет
Уште кога бил мал,
За слобода се дал.
Се боел со душмани клети,
За сонцето слободно да свети.
Со својата пушка врака,
Со куршуми врели
да завладее слобода сака
од дригарите да не се дели.
Душманот го мамел со лага
ја криел својата тага .
Низ долини и ридишта одел
Дружината со себе ја водел.
Но во годината 1903
душманот ја опколи Баница клета .
Го уби Гоце со куршум врел
Загина тој човек смел.
Заплака Баница клета
За свијот јунак смел
Што загина во тој црн ден.
VIв шифра :виножито
Гоце Делчев- Петар Тренчевски VI одд
Во 1872 година роден
од една идеја воден,
Македонија да бида слободна земја
Да се стави крај на судбината темна.
Учител, револуционер
најголем македонски син
бил прекрасен човек,
учен паметен и фин.
Животот го посветил
на милата татковина наша
за новите генерации
од ништо да не се плашат.
Згасна неговиот живот млад
го пронижа куршум врел
многу умреа како предавници
Но, Гоце умре со образ бел.
Шифра: Ќебап
Гоце Делчев Андреј Јошевски VI oдделение
Пламен е Гоце
сокол му лула лулката
над глава три самовили
песни му пеат јуначки
Расни ми Гоце порасни
славен ти јунак да станеш
овој народ ти да го водиш
со борба да го ослободиш
Гоце во Кукуш се роди
цела војска напред ја води
ти во Баница ни загина
но, твоето име вечно остана.
Гоце Делчев- Елена Солевска VI одделение
Херојот наш во Кукуш се роди
и народот гордо во борба го води
бесмртен јунак славен
во борбата тешка главен
но во мај
го снема тој сјај
Нашиот херој загина
ви шарениот бој,
тој се бореше за народот свој
За вечна да биде нашата татковина- Македонија
„Делчев војвода“
Гоце јунак,
храбар и силен,
на 4-ти Февруари роден во Кукуш
меѓу народот омилен.
Делчев војвода со верната дружина
за слободна Македонија се бореше,
со пушка во рака одеше во борба,
војвода главен, насекаде славен.
Името Гоце Делчев
на нашето училиште стои,
патронен празник славиме
и ветуваме дека нема да го заборавиме.
шифра: „слобода“ – V-(a) одд.
Гоце Делчев
Гоце Делчев
Се роди славен,
Во животот свој
Храбар и главен.
Тој се бореше за
Македонија своја,
Без разлика дали е
Моја или твоја.
Шифра: Детелинка – V одд
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
ГОРДОСТ МАКЕДОНСКА Е ТОЈ,
ОДЕЛ СМЕЛО ВО БОЈ
ЦЕЛА ТУРЦИЈА ПО НЕГО ТРАГАЛА
ЕЧЕЛА ГОРАТА, ОДЕКНУВАЛА И ПЛАЧЕЛА.
ДО ВЕКА БАНИЦА ВО ЦРНО ЈА ЗАВИЛ;
ЕЧЕЛ ЛЕЛЕК НА СИТЕ СТРАНИ
ЛЕЖЕЛ НА ЗЕМЈА ЈУНАКОТ НАШ
ЧЕТАТА ВО ЛЕЛЕК ПРОДОЛЖИЛА ВО БОЈ,
ЕХ, ЦРВЕНАТА КРВ НИЗ ЗЕМЈА СЕ РАЗЛИЛА,
ВО БАНИЦА СЕЛО ЈУНАК ПОКРИЛА.
Викторија Ристевска V одд.
ПОУ Гоце Делчев с. Журче
Шифра – акростих
„Гоце“
Гоце се бореше смело,
И секогаш беше на чело.
Но, едно утро бо Баница село,
Куршум врел го рани
И тој загина смело.
Јован Огненовски I одд, ООУ „Гоце Делчев“ с. Кутретино
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Во Кукуш се роди,
Македонија напред да ја води.
Јунак е наш славен,
Во нашата земја беше главен.
Додека сите за него солзи ронеа,
Тие полека во земјата тонеа.
Во таа проклета Баница,
Заврши Гоцевата животна страница.
Jaglika7 Vб
Гоце Делчев
Гоце Делчев војвода
водиш борба за слобода,
од пранги и окови
Македонија да ослободиш.
Те предадоа шпиуни клети
за ќесе со пари,
млад живот ти даде
за нашат слобода мила.
Гоце Делчев јунаку
денес баш те славиме,
а и утре ќете славиме
хероју наш најголем.
Шифра – Цвет – IV одд.
Херојот Гоце
Се роди во Кукуш
како трето дете,
а прво машко чедо
во фамилијата на Делчеви.
Неговите родители
Султана и Никола,
како и неговите две сестри,
многу го сакаа
и му се восхитуваа.
Уште како мал,
додека се школуваше,
не се плашеше од ништо
и на Турците им се спротивставуваше.
Беше херој над хероите,
кој храбро загина,
за слободата на татковината.
Шифра – Херој – V одд.
Нашиот патрон
Минато.
Збор кој ме асоцира на борба,
храброст и упорност.
А таму е и нашиот патрон
Гоце Делчев.
Непријателот земјата ја зеде
и народот го стави во кафез,
болка стега во градите
срцето ќе пукне од мака.
Но копнежот за слобода
беше доволно голем,
Гоце да тргне
против синџири ропски.
Животот не го жалеше,
татковината прва ја ставаше.
Денес ја славиме големината
со херојството негово се гордееме.
Патрон – IV одделение
Песна за Гоце
Војводата славен, во Баница клета,
Загина за земјата света.
Ти благодариме Гоце, за твојата сила,
Во слобода што живееме во нашата
Земја мила
Во сите животи ти ќе си славен,
И во нашите срца главен!
Шифра: пролетно цвеќе 5
Гоце Дечев
Моето училиште Гоце Делчев се вика,
А во с. Света баш е како убава слика.
Во него прв шкоски час,
Во септември одржав јас.
Нови букви учам јас,
И прваче единствено сум во клас.
На одмор сложно
Се дружиме сите,
И така весело ни минуваат дните!
Филип Митревски
1 одд. С Света
Шифра-мечето Теди
Гоце Делчев
Гоце Делчев голем јунак беше,
И за слободна Македонија се бореше!
Народот свој по него го водеше
Со душманот клет војна водеше.
Но, на 4 Мај 1903 -та
црна птица над Македонија слета,
душмански куршум
Во градите на Гоцета влета!
Евгенија Ристеска
3 одд.с.Света
Шифра- пеперуга
Херој наш Гоце- Стефанија Велевска IV одделение
Херој наш Гоце
со пушка одел во бој
само со една мисла
да го спаси народот свој.
Нашата земја поробена
од Турците клети
херојот наш гоце
заминал во борба да му се свети.
Заедно со комитите
борбени, храбри и смели
од мислата за собода никој не може да ги дели.
Гоце Делчев – Шифра: Гоце Делчев1234
Јунак славен
се бореше смело
ќе се памети неговото дело
Со неговата чета одеа во бој
за да го ослободат народот свој
Делчев го опколија
во срцето куршум му стрелаа
многу крв се разлеа.
Јунакот животот го изгуби
Македонија во црно се зави.
До ден денес,
неговото име се памети
за него се слави
затоа што животот го изгуби
за нашата Македонија.
Гоце Делчев
Гоце Делчев е јунак славен
наш најголем македонец
за слобода желен
војвода главен.
Гоце Делчев со неговата чета
загинал борејќи се
во Баница клета
во црната 1903.
Народот за него
најубави песни пее
а тој низ нив
како сонце не грее.
Анастасија Илијовска – IV одделение
Училишен весник „Бисери“ 2020 година
Поради новонастанатата ситуација во нашата земја и светот поврзана со таканаречениот вирус ,,Корона” весникот ќе излезе само во електронска форма но ќе биде достапен за сите кои што сакаат да го прочитаат и да бидат дел од него, без разлика дали станува збор за ученици, родители и други.
Весникот „Бисери“ може да го симнете на следниот линк:
ПРОФЕСИОНАЛНО ИНФОРМИРАЊЕ И ОРИЕНТИРАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ
Целта на професионалната ориентација е да им се помогне на учениците да се одлучат да го продолжат своето школување и да се насочат кон занимања, кои најмногу би им одговарале на нивните психофизички особини и способности. Грешки во насочувањето не смее да има, бидејќи лошо избранaтa професија остава многу големи последици во понатамошниот живот и работа. Изборот на идната професија е голема дилема за секој човек, затоа што правилно избраната професија значи пред се лична среќа и целосен напредок во општството, како и можност за целосна реализација на сопствената личност.
Учениците од деветто одделение се среќаваат со дилемата каде после завршувањето на основното образование. Пред нив се поставуваат многу прашања од типот: Кое средно училиште да го одберам? Каде после завршувањето на средното образование? Кое занимање да се одбере за своја животна професија?
Правилната професионална ориентација овозможува усогласување на желбите, интересите и способностите со потребите на општеството. На тој начин ќе се избегнат несаканите последици како: чекање подолго време за вработување, професионално заболување, непродуктивност, преквалификации и.т.н.
При донесувањето на одлука во кое средно училиште да се запише ученикот, треба да се имаат во предвид желбите и интересите на ученикот, способностите, здравствените можности, можностите за вработување, училишниот успех и успехот по одредени наставни предмети.
Правилно избраната професија носи задоволство и исполнување на животните потреби, успех во работата, радост, задоволство, интерес за професионално усовршување.
Во месец март 2020 година Министерството за образование и наука го распиша Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година во Република Северна Македонија. Со него е утврдена можноста за запишување ученици според наставните планови и програми за: гимназиско образование, стручно образование (техничко образование – четиригодишно траење, стручно образование за занимање – тригодишно траење и двегодишно траење), средно уметничко образование и средно образование за ученици со посебни образовни потреби.
УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
Запишувањето на учениците во јавните средни училишта во учебната 2020/2021 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука, Законот за спортската академија, Законот за Математичко-информатичка гимназија и со овој Конкурс.
Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година
во јавните средни училишта, нема да биде обезбеден ако избраниот вид на образование(струка) го има во општината, односно регионот.
Условите за запишување на учениците се:
– да имаат завршено основно образование;
– да не се постари од 17 години;
– да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование:
а) гимназиско образование;
б) стручно образование и обука;
в) средно уметничко образование;
г) средно образование за ученици со посебни образовни потреби;
– да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:
– пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна);
– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и
државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки,
математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
Учениците при пријавувањето во спортската академија треба да достават и потврда за способности за спортски вештини за спортот за кој ученикот е проверуван
КОНКУРСНИ РОКОВИ
Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни.
Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 16 и 17 јуни 2020
одина, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2020 година.
Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 22 јуни 2020 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 22 јуни 2020 година.
По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 48 часа.
Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2020 година.
Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 29 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2020 година.
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 24 август 2020 година за што доставуваат доказна документација.
КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР
Критериуми за избор на учениците се:
− среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
− среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик,странски јазик и два предмети што се од значење за струката);
− дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
− средна вредност од поени добиени за поведение.
Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.
Во средното уметничко образование (музичко, балетско и ликовно) и спортската гимназија, училиштата утврдуваат дополнителни критериуми.
За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).
За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).
За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од државни натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.
За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени.
Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).
Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.
Утврдениот број минимум поени за првото пријавување, се составен дел на овој Конкурс.
Училиштата по првото пријавување, можат да го намалат утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот најмногу до 10 поени, освен за гимназиско образование, економско – правна и трговска струка и здравствена струка.
Училиштата се должни со интерен оглас за второто пријавување, односно третото пријавување да го истакнат утврдениот минимум поени со кои е можно учениците да конкурираат за запишување во определен план и програма. Објавувањето на минимумот поени треба да се изврши на 22 јуни 2020 година за второто пријавување, односно на 26 јуни 2020 година за третото пријавување.
За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.
ОБЈАВУВАЊЕ НА ИНТЕРНИ ОГЛАСИ
Јавните средни училишта интерните огласи ги објавуваат на јавно место во училиштето.
СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „КРСТЕ ПETКОВ МИСИРКОВ“ДЕМИР ХИСАР
Во прва година ќе се запишат 136 ученици во 4 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за:
Гимназиско образование – 68 ученици, 2 паралелки, 60 минимум поени
Шумарско – дрвопреработувачка струка – 34 ученици, 1 паралелка
– шумарски техничар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени
Електротехничка струка – 34 ученици, 1 паралелка
– електротехничар за компјутерска техника и автоматика мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 55 поени минимум
Доколку учениците имаат потреба од дополнителни објаснувања можат електронски да комуницираат со стручни соработници во ООУ „ Гоце Делчев“ Демир Хисар.
ЛИКОВЕН КОНКУРС НА ТЕМА „ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“
Општинското основно училиште „ Гоце Делчев“ Демир Хисар по повод Патрониот празник 4 Мај, распишува награден
ЛИКОВЕН КОНКУРС НА ТЕМА „ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“
По повод Патрониот празник 4 Мај, ООУ „ Гоце Делчев “ Демир Хисар распишува награден ликовен конкурс на тема „ Гоце Делчев“.
Право на конкурсот имаат сите ученици од прво до деветто одделение.
Ликовните творби потребно е да се достават во електронска форма под шифра на следната емаил адреса: ougdpsiholog@gmail.comТворбите ќе ги прегледува Комисија.
Најдобрите ликовни творби ќе бидат наградени со диплома и објавени на веб страната на училиштето.
Конкурсот ќе трае до 01.05.2020 година.
25.04.2020 год. Од Комисијата
Демир Хисар за спроведување на конкурсот
ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС НА ТЕМА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“
Општинското основно училиште „ Гоце Делчев“ Демир Хисар по повод Патрониот празник 4 Мај, распишува награден
ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС НА ТЕМА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“
По повод Патрониот празник 4 Мај, ООУ „ Гоце Делчев “ Демир Хисар распишува награден литературен конкурс на тема „ Гоце Делчев“.
На конкурсот можат да се доставуваат литературни творби во проза или поезија.
Право на учество имаат сите ученици од прво до деветто одделение.
Истите потребно е да се достават во електронска форма под шифра на следната емаил адреса: ougdpsiholog@gmail.com
Творбите ќе ги прегледува Комисија.
Најдобрите литературните творби ќе бидат наградени со диплома и објавени на веб страната на училиштето.
Авторството се докажува со вториот примерок.
Конкурсот ќе трае до 01.05.2020 година.
25.04.2020 год. Од Комисијата
Демир Хисар за спроведување на конкурсот
Порака од УНЕСКО за Светскиот ден на книгата: Вистински миг да се истакнува читањето
Во време кога училиштата се затворени ширум светот и кога луѓето се во изолација, моќта на книгите треба да овозможи да се бориме против осаменоста, да ги засили врските меѓу луѓето и да ги прошири нашите видици, притоа стимулирајќи го нашиот дух и нашата креативност, се наведува во пораката од УНЕСКО по Светскиот ден на книгата и на авторското право.
Многу е важно да се најде време за читање, самиот за себе или со децата, се посочува во пораката и се додава дека ова е вистински миг да се истакнува читањето, да ги воспитуваме децата како идни читатели, да им ја пренесеме љубовта кон литературата, која ќе трае целиот нивни живот.
Од 1 до 23 април УНЕСКО споделува цитати, песни и пораки за да ја симболизира моќта на книгите и да го поттикне читањето колку што е можно повеќе. Со читањето и со споделувањето знаења ние создаваме една поврзана заедница способна да се бори со осаменоста. Ги повикуваме студентите, наставниците, библиотекарите, читателите од целиот свет како и сите кои се вклучени во ланецот на книгите да посведочат и да ја изразат својата љубов кон читањето. Ние ве поттикнуваме да споделувате информации за вашите омилени книги и да ја препраќате оваа позитивна порака во вашето опкружување #WorldBookDay and #StayAtHome, стои во пораката.
НОВИ ТЕЛЕФОНСКИ ЛИНИИ ЗА ПСИХО-СОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА НА РОДИТЕЛИТЕ И ДЕЦАТА
Во соработка со Министерството за здравство и во партнерство со Универзитетската клиника за психијатрија, УНИЦЕФ денеска отвори две нови телефонски линии за поддршка на менталното здравје и психо-социјална поддршка на тинејџерите и на нивните родители и на родителите на деца со попреченост погодени од кризата со КОВИД 19.
Телефонската линија 078 378 728 за помош на тинејџерите и на нивните родители и телефонската линија 070 291 574 за помош на родители на деца со попреченост ќе работат од 9:00 до 16:00 ч. секој работен ден.
Телефонската линија 072 912 676 за помош на деца на училишна возраст и на родители на деца на предучилишна и училишна возраст ќе работи од 9:00 до 19:00 ч. секој работен ден.
Ова е дополнителна поддршка на веќе воспоставената телефонска линија на Универзитетската клиника за психијатрија за родителите на децата од предучилишна и училишна возраст која сега е отворена и за самите деца на училишна возраст.
„Сакаме да ги охрабриме родителите и децата да разговараат за сите прашања и проблеми. Нормално е тие да имаат различни реакции на КОВИД 19 како што е нормално да се борат да го задржат чувството на нормалност дома“, рече Патриција ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ. „Во оваа ситуација, децата и тинејџерите може да се чувствуваат тажно, изолирано, па дури и луто. Со телефонските линии ќе им се понуди поддршка на родителите околу олеснување на продолжениот стрес и ќе им се помогне на децата и тинејџерите да изградат издржливост за снаоѓање во стресни ситуации, особено сега кога им е сменета секојдневната рутина и мораат да останат дома.“
Освен непосредните здравствени проблеми, кризите како пандемијата на КОВИД-19 може да предизвикаат пошироки ефекти врз децата и нивните семејства, како што се вознемиреност и страв од непознатото. Главната цел на новите услуги е да се обезбеди советување и поддршка за да се спречат второстепени ефекти од епидемијата, како што се запоставување на децата, недостаток на родителска грижа и поголема изложеност на насилство во семејството.
„Освен одговорното постапување за заштита од вирусот, треба да се погрижиме да бидеме безбедни и од второстепените негативни ефекти коишто пандемијата може да ги има врз нашето ментално здравје. Континуираниот стрес и анксиозност може значително да се одразат врз нашиот ум и способност да се одбраниме. Од огромно значење е сериозно да ги сфатиме нашата и благосостојбата и менталното здравје на нашите деца и да побараме поддршка“, изјави Венко Филипче, министерот за здравство.
“Актуелната пандемија на вирусот COVID-19 ни ја зголемува свесноста за грижата за здравјето на нас и нашите деца. Но, покрај физичкото здравје, во вакви услови е од особена важност да обрнеме внимание и на грижата за менталното здравје, да ја развиваме отпорноста и поврзаноста во рамките на семејството, да ја искористиме оваа несакана состојба како можност за подобрување на ментална благосостојба пред сѐ на младите,“ рече професорот Стојан Бајрактаров, директор на Универзитетската клиника за психијатрија.
УНИЦЕФ соработува со стручните лица од Универзитетската клиника за психијатрија со цел да се стават на располагање информативни видеа, сесии со прашања и одговори, и подкасти за да им се помогне на родителите и децата подобро да се справат со анксиозноста и стравот поради КОВИД 19 и да се фокусираат на својата благосостојба.
УНИЦЕФ