Ве известуваме дека од страна на Комисијата за разгледување на поднесените барања за организирање на настава со физичко присуство донесена е одлука според која во ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар со физичко присуство ќе се одвива настава од прво до трето одделение, а во подрачните училишта настава со физичко присуство ќе се одвива од прво до петто одделение.