СООПШТЕНИЕ ЗА УПИС НА ПРВАЧИЊА

С О О П Ш Т Е Н И Е

  ООУ „ Гоце Делчев“ Демир Хисар во врска со запишувањето на децата во прво одделение , а во согласност со Концепцијата за деветгодишно основно воспитание и образование и Законот за основно образование го соопштува следното:

  Во учебната 2020/2021 година во прво одделение ќе се запишуваат:

            Ученици кои на крајот на календарската година ќе наполнат 6 години, односно сите деца родени 2014 година. Во прво одделение може да се запише и дете доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по барање од родителот и добиено мислење од стручните соработници во училиштето.

            Запишувањето ќе го врши Комисија составена од стручните соработници на училиштето и  одделенски наставник. Комисијата треба да ги набљудува децата, да води разговор со нив, а своите за белешки да ги запишува.

            Родителот е должен да го запише ученикот лично со ИЗВОД НА РОДЕНИ ( без оглед на датумот на издавање) во ООУ „ Гоце Делчев“ Демир Хисар на  датумот кој е означен  во неговото известување. Истиот ден во времето означено во известувањето ќе се изврши систематски и стоматолошки преглед во Здравствениот дом за што е потребно да носат и здравствена книшка и електронска картица од каде и  ќе ни биде доставена ПОТВРДА за примените задолжителни вакцини на детето и ПОТВРДА за преглед на забите.

Училиштето при запишување на учениците доследно ќе го применуваат Протоколот за утврдување на процедурата за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта: носење на заштитни маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена.

                                                                                 Д и р е к т о р

                                                                          Наташа Коруновска

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *