ПРОФЕСИОНАЛНО ИНФОРМИРАЊЕ И ОРИЕНТИРАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ

Целта на професионалната ориентација е да им се помогне на учени­ците да се одлучат да го продолжат своето школување и да се насочат кон занимања, кои најмногу би им одговарале на нивните психофизички особини и способности. Грешки во насочувањето не смее да има, бидејќи лошо избранaтa професија остава многу големи последици во понатамошниот живот и работа. Изборот на идната професија е голема дилема за секој човек, затоа што правилно избраната професија значи пред се лична среќа и целосен напредок во општството, како и можност за целосна реализација на сопствената личност.

Учениците од деветто одделение се среќаваат со дилемата каде после завршувањето на основното образование. Пред нив се поставуваат многу прашања од типот: Кое средно училиште да го одберам? Каде после завршувањето на средното образование? Кое занимање да се одбере за своја животна професија?

Правилната професионална ориентација овозможува усогласување на желбите, интересите и способностите со потребите на општеството. На тој начин ќе се избегнат несаканите последици како: чекање подолго време за вработување, професионално заболување, непродуктивност, преквалификации и.т.н.

При донесувањето на одлука во кое средно училиште да се запише ученикот, треба да се имаат во предвид желбите и интересите на ученикот, способностите, здравствените можности, можностите за вработување, училишниот успех и успехот по одредени наставни предмети.

Правилно избраната професија носи задоволство и исполнување на животните потреби, успех во работата, радост, задоволство, интерес за професионално усовршување.

Во месец март 2020 година Министерството за образование и наука го распиша Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година во Република Северна Македонија. Со него е утврдена можноста за запишување ученици според наставните планови и програми за: гимназиско образование, стручно образование (техничко образование – четиригодишно траење, стручно образование за занимање – тригодишно траење и двегодишно траење), средно уметничко образование и средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Запишувањето на учениците во јавните средни училишта во учебната 2020/2021 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование,  Законот за стручно образование и обука, Законот за спортската академија, Законот за Математичко-информатичка гимназија и со овој Конкурс.

Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година

во јавните средни училишта, нема да биде обезбеден ако избраниот вид на образование(струка) го има во општината, односно регионот.

Условите за запишување на учениците се:

– да имаат завршено основно образование;

– да не се постари од 17 години;

– да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование:

а) гимназиско образование;

б) стручно образование и обука;

в) средно уметничко образование;

г) средно образование за ученици со посебни образовни потреби;

– да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

– пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна);

– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и

државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки,

математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;

– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

Учениците при пријавувањето во спортската академија треба да достават и потврда за способности за спортски вештини за спортот за кој ученикот е проверуван

КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни.

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 16 и 17 јуни 2020

 одина, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2020 година.

Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 22 јуни 2020 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 22 јуни 2020 година.

По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 48 часа.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2020 година.

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 29 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2020 година.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 24 август 2020 година за што доставуваат доказна документација.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Критериуми за избор на учениците се:

− среден успех на ученикот од VI до IX одделение;

− среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик,странски јазик и два предмети што се од значење за струката);

− дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;

− средна вредност од поени добиени за поведение.

Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.

Во средното уметничко образование (музичко, балетско и ликовно) и спортската гимназија, училиштата утврдуваат дополнителни критериуми.

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од државни натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.

За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени.

Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).

Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.

Утврдениот број минимум поени за првото пријавување, се составен дел на овој Конкурс.

Училиштата по првото пријавување, можат да го намалат утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот најмногу до 10 поени, освен за гимназиско образование, економско – правна и трговска струка и здравствена струка.

Училиштата се должни со интерен оглас за второто пријавување, односно третото пријавување да го истакнат утврдениот минимум поени со кои е можно учениците да конкурираат за запишување во определен план и програма. Објавувањето на минимумот поени треба да се изврши на 22 јуни 2020 година за второто пријавување, односно на 26 јуни 2020 година за третото пријавување.

За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.

ОБЈАВУВАЊЕ НА ИНТЕРНИ ОГЛАСИ

Јавните средни училишта интерните огласи ги објавуваат на јавно место во  училиштето.

СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „КРСТЕ ПETКОВ МИСИРКОВ“ДЕМИР ХИСАР

Во прва година ќе се запишат 136 ученици во 4 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за:

Гимназиско образование – 68 ученици, 2 паралелки, 60 минимум поени

Шумарско – дрвопреработувачка струка – 34 ученици, 1 паралелка

– шумарски техничар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени

Електротехничка струка – 34 ученици, 1 паралелка

– електротехничар за компјутерска техника и автоматика мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 55 поени минимум

Доколку учениците имаат потреба од дополнителни објаснувања можат електронски да комуницираат со  стручни соработници во ООУ „ Гоце Делчев“ Демир Хисар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *