ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС НА ТЕМА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

Општинското основно училиште „ Гоце Делчев“ Демир Хисар по повод Патрониот празник 4 Мај, распишува награден

ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС НА ТЕМА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

По повод Патрониот празник 4 Мај,  ООУ „ Гоце Делчев “ Демир Хисар  распишува награден литературен конкурс на тема „ Гоце Делчев“.

На конкурсот можат да се доставуваат литературни творби во проза или поезија.

Право на учество имаат сите ученици од прво до деветто одделение.

Истите потребно е да се достават во електронска форма под шифра на следната емаил адреса: ougdpsiholog@gmail.com

Творбите ќе ги прегледува Комисија.

Најдобрите литературните творби ќе бидат наградени со диплома и објавени на веб страната на училиштето.

Авторството се докажува со вториот примерок.

Конкурсот ќе трае до 01.05.2020 година.

 

25.04.2020 год.                                                          Од Комисијата

Демир Хисар                                                 за спроведување на конкурсот

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *