На 20.10.2019 година, учениците од ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар учествуваа во проектот „НОВ во Демирхисарскиот крај по течението на реката Жаба“ кој се одржа во селото Растојца во организација на Општинскиот одбор на СБМ Демир Хисар. Учениците беа запознати со историските случувања во овој крај на Демир Хисар, а тие се претставија со свои литературни творби инспирирани од слободата.
Европска недела на кодирање: Инспирирање на дигитални вештини – 5-20 октомври 2019 г.
Овој октомври, Европската недела на кодирање повторно помогна да се променат нечии животи, оживувајќи ги дигиталните вештини и иновациите за жители од цела Европа и пошироко. Европската недела на кодирање која функционира веќе седма година, започна како иницијатива на пошироко членство која ги слави креативноста, решавањето проблеми и соработката преку кодирање и други активности поврзани со технологијата за луѓе од сите возрасти. Оваа година, посебен фокус се става на учеството на училиштата и наставниците од сите нивоа и предмети. Наставниците се поттикнуваат да им го претстават светот на кодирањето на своите ученици и да ги инспирираат да останат вклучени во него со помош на практични активности и предавања во своите училници, без разлика дали е тоа онлајн или офлајн.
Со цел и ние од ООУ „Гоце Делчев“ – Демир Хисар да се вклучиме во Европската недела на кодирање, организиравме настан – работилница со наслов „Иднината денес“. Во оваа работилница беа вклучени ученици од III одделение и ученици од VI до IX одделение кои членуваат во Ученичкиот тим за техничка поддршка. Целта на работилницата беше да се запознаат учениците со основните поими од областа на роботиката и вештачката интелигенција, како и да можат практично да ги прикажат своите креативни замисли и идеи како роботичари за дизајнирање на роботи. Работилницата траеше два часа и беше реализирана од страна на Весна Николовска – наставник по информатика и Валентина Димоска – Одделенски наставник. На работилницата присуствуваше и Жана Јосифоска – педагог.
Одбележување на Детската недела
Учениците од ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар и оваа година ја одбележаа ДЕТСКАТА НЕДЕЛА. Детската недела, секоја година се одбележува во сите држави членки на ООН во првата полна недела од месецот октомври. Учениците од нашето училиште како и секоја година Детската недела ја одбележаа со повеќе активности, како одржување на работилници на кои беа изработени разни материјали за правата не детето, посета на ОУ „Браќа Миладиновци“ во с. Жван каде учениците од детските организации на двете училишта се дружеа и имаа заедничка работилница, изработка на картички со детските права кои беа поставени во дворовите на нашето училиште и на училиштето во с. Жван, одржување на манифестацијата за прием на првачињата во детската организација каде што првачињата дадоа свечена заклетва како и други активности за одбележување на овој настан.
Оваа година манифестацијата Детска недела се одржува под мотото: ИМАМЕ ПРАВО НА СРЕЌНО ДЕТСТВО!
Нагледни средства и членски книшки за библиотека
Со цел поефикасно изведување на наставата, ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар на почетокот на новата учебна година набави нови наставно-нагледни средства. Набавени се шестари, магнети, тегови и друго.
Исто така, од страна на градс ката библиотека „Петре М. Андреевски“ во домот на културата „Илинден“ од Демир Хисар, на учениците од прво одделение бесплатно им беа доделени членски книшки.
Избор на претседател на ученичкиот парламент
Денес во ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар, после изборот на претседателите на заедниците на паралелките беше свикан и одржан првиот состанок на училишниот парламент. На овој состанок учениците најпрво беа запознати со задолженијата и активностите кои треба да ги спроведуваат во текот на учебната година, а исто така за претседател на ученичкиот парламент со тајно гласање на претседателите на заедниците на паралелките беше избрана Христина Талевска.
Свечен прием на новите првачиња
Денес во ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар беше организиран свечен прием на новите првачиња со приредба организирана од учениците во второ одделение и нивната одделенска наставничка. На учениците им посакаа успешен почеток директорката на училиштето Наташа Коруновска, како и градоначалникот на општина Демир Хисар Марјанче Стојановски. Градоначалникот и советот на општина Демир Хисар исто така подарија училишен прибор на новите првачиња.
Покрај тоа, општина Демир Хисар преку програмата за спорт и млади со цел промоција на спортот донираше спортска опрема за нашето училиште.
Им посакуваме успешен почеток на учебната година на сите ученици!
Почеток на учебната 2019/2020
Санација и молерисување на внатрешните ѕидови
Во ОУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар за време на летниот распуст се врши санација и молерисување на внатрешните ѕидови. Вакви зафати за санација на училиштето се вршат редовно како во централното така и во подрачните училишта, со цел одржување на објектите во добра состојба и создавање на подобри услови за работа и учење.

Доделување на свидетелства
Oпштински училишен натпревар во прва помош
На 05.06.2019 година во спортското игралиште на ОУ „Гоце Делчев“,се одржа општински училишен натпревар во прва помош во организација на општинската организација на Црвен Крст од Демир Хисар. На натпреварот нашето училиште учествуваше со два тима составени од ученици од деветто и осмо одделение, а исто така со свои тимови учествуваа ученици од ОУ „Браќа Миладиновци“, с. Жван и СОУ „Крсте Петков Мисирков“, Демир Хисар. Како најуспешна на овој натпревар беше I-та екипа од ОУ „Гоце Делчев“, Демир Хисар, со што се пласира и ќе учествува на државен натпревар.
Покрај општинската организација на Црвениот крст од Демир Хисар, натпреварот го поддржаа и учествуваа доктори од Здравствениот дом во Демир Хисар кои заедно со наставниците помогнаа во обучувањето на екипите и во спроведувањето на самиот наптревар, како и градоначалникот на општина Демир Хисар кој исто така присуствувуваше на натпреварот.
Им честитаме на сите учесници и му посакуваме среќа на победничкиот тим на државниот натпревар.
