Денес во ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар беше организиран свечен прием на новите првачиња со приредба организирана од учениците во второ одделение и нивната одделенска наставничка. На учениците им посакаа успешен почеток директорката на училиштето Наташа Коруновска, како и градоначалникот на општина Демир Хисар Марјанче Стојановски. Градоначалникот и советот на општина Демир Хисар исто така подарија училишен прибор на новите првачиња.
Покрај тоа, општина Демир Хисар преку програмата за спорт и млади со цел промоција на спортот донираше спортска опрема за нашето училиште.
Им посакуваме успешен почеток на учебната година на сите ученици!