Европска недела на кодирање: Инспирирање на дигитални вештини – 5-20 октомври 2019 г.

Овој октомври, Европската недела на кодирање повторно помогна да се променат нечии животи, оживувајќи ги дигиталните вештини и иновациите за жители од цела Европа и пошироко. Европската недела на кодирање која функционира веќе седма година, започна како иницијатива на пошироко членство која ги слави креативноста, решавањето проблеми и соработката преку кодирање и други активности поврзани со технологијата за луѓе од сите возрасти. Оваа година, посебен фокус се става на учеството на училиштата и наставниците од сите нивоа и предмети. Наставниците се поттикнуваат да им го претстават светот на кодирањето на своите ученици и да ги инспирираат да останат вклучени во него со помош на практични активности и предавања во своите училници, без разлика дали е тоа онлајн или офлајн.
Со цел и ние од ООУ „Гоце Делчев“ – Демир Хисар да се вклучиме во Европската недела на кодирање, организиравме настан – работилница со наслов „Иднината денес“. Во оваа работилница беа вклучени ученици од III одделение и ученици од VI до IX одделение кои членуваат во Ученичкиот тим за техничка поддршка. Целта на работилницата беше да се запознаат учениците со основните поими од областа на роботиката и вештачката интелигенција, како и да можат практично да ги прикажат своите креативни замисли и идеи како роботичари за дизајнирање на роботи. Работилницата траеше два часа и беше реализирана од страна на Весна Николовска – наставник по информатика и Валентина Димоска – Одделенски наставник. На работилницата присуствуваше и Жана Јосифоска – педагог.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *