Одбележување на Детската недела

Учениците од ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар и оваа година ја одбележаа ДЕТСКАТА НЕДЕЛА. Детската недела, секоја година се одбележува во сите држави членки на ООН во првата полна недела од месецот октомври. Учениците од нашето училиште како и секоја година Детската недела ја одбележаа со повеќе активности, како одржување на работилници на кои беа изработени разни материјали за правата не детето, посета на ОУ „Браќа Миладиновци“ во с. Жван каде учениците од детските организации на двете училишта се дружеа и имаа заедничка работилница, изработка на картички со детските права кои беа поставени во дворовите на нашето училиште и на училиштето во с. Жван, одржување на манифестацијата за прием на првачињата во детската организација каде што првачињата дадоа свечена заклетва како и други активности за одбележување на овој настан.
Оваа година манифестацијата Детска недела се одржува под мотото: ИМАМЕ ПРАВО НА СРЕЌНО ДЕТСТВО!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *