БЕСПЛАТЕН пристап на Премиум услугите од JetMinds платформата за учење математика

Во согласнот со препораките и Одлуката на Владата на Р.С.Македонија во врска со вирусот Ковид-19 и затворањето на вратите на образовните институции и училиштата, како општествено одговорно компанијата Сигмоид ДОО донесе одлука да овозможи БЕСПЛАТЕН пристап до Премиум услугите од платформата за учење математика JetMinds.org за сите корисници во текот на месец Март 2020г.

Платформата е достапна на македонски јазик со предметот математика и наскоро истата ќе биде достапна и со други предмети со фокус на оние кои се најпроблематични за учениците. 

Нашата цел е со JetMinds да инспирираме љубов кон учењето и сме задоволни што нудиме едукативна платформа која ги ангажира децата академски и на забавен начин.

Технологијата која е вградена во платформата е базирана на применета вештачка интелигенција. Истата овозможува JetMinds да препорача лекции кои треба да ги совлада ученикот за да го намали јазот помеѓу материјата која ја учи тековно и она што му е недостаток во знаењето од претходно. 

Учеството на родителите е клучна компонента на искуството на децата на Jet-Minds. Родителите може да се вклучат во активности за учење со своето дете и како дел од Премиум бенефитите може да го видат прецизно напредокот на нивното дете во совладување на материјата.

Тимот на Сигмоид работи на платформата JetMinds од 2017 година. Оваа инвестиција е поддржана со грант од Фондот за иновации и технолошки развој.

Платформата е достапна на jetminds.org.

Мерки и препораки за заштита и превенција од КОВИД-19

Што е КОВИД-19?

КОВИД-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 , вирус од фамилијата Коронавирус, првично откриен во Кина во декември 2019 година. Вирусот е причинител на акутно вирусно респираторно заболување. Преносот од човек на човек е можен, преку допир и преку капков пат (кивање, кашлање и слично). 

Првичните искуства покажуваат дека постарите лица и хронично болните се изложени на поголем мризик од компликации и тешки форми на заболувањето. Периодот на инкубација на вирусот е најмногу 14 дена, во кој заразените лица не покажуваат симптоми, но можат да го пренесат вирусот на други лица. 

Сите патници кои доаѓаат од земјите со висок и среден ризик треба да се задржат во само-изолација од 14 дена во нивниот дом и да пријават на надлежните доколку почувствуваат симптоми.

Кои се симптомите на заболувањето со КОВИД-19?

Првичните симптоми кои се јавуваат кај лицата заразени со вирусот КОВИД-19 се:

  1. Треска и висока температура;
  2. Тешка кашлица;
  3. Отежнато дишење.

Болеста може да предизвика сериозни компликации кои може да ја нарушат функцијата на:

  • органите за дишење;
  • кардиоваскуларниот систем;
  • на бубрезите.

Болеста може да варира од лесна до тешка форма, со можни фатални последици.

Лекувањето на заболените е палијативно и симптоматско.

Во овој момент не е достапна антивирусна терапија, ниту пак вакцина за превенција од заболување со КОВИД-19.

Како да се заштитите од заболувањето со КОВИД-19?

  • Мијте ги рацете често, користејќи сапун и вода, подолго од 1 минута, внимавајќи да ги опфатите сите делови од дланката и прстите.
  • Избегнувајте близок контакт со болни лица или лица кои се вратиле од патување од земја со висок или среден ризик.
  • Користете средства за дезинфекција или алкохолни марамчиња.
  • При кашлање или кивање покријте ги носот и устата со марамче за еднократна употреба и веднаш потоа фрлете го на безбедно место. Доколку немате марамче, покријте ги носот и устата со рака свиткана во лактот.
  • Следете ги препораките на Министерството за здравство и редовно информирајте се од надлежните институции за најновите вести и насоки.

Што доколку се сомневате дека сте заболени од КОВИД-19?

Според препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести, сите патници, кои пристигнуваат од ризичните региони, како и тие кои се во самоизолација, веднаш штом почувствуваат какви било симптоми, карактеристични за КОВИД-19 треба да се јават на телефоните за контакт при епидемиолошките служби, кои се достапни за територијата на целата држава.

Мерките се воведени од самиот почеток и се препорачува секој граѓанин да ги следи овие препораки, кои укажуваат да не се оди на матичен лекар за да се избегнат ситуации во кои тие се ставаат во директен контакт и ризик со можно заболени пациенти.

Броеви за контакт доколку имате симптоми на КОВИД-19:

ИЈЗ Скопје 078 387 194​​​​​
ЗД Скопје – Ало докторе 02 15 123
ЦЈЗ Скопје 071 289 614
ЦЈЗ Битола 071 261 330
ЦЈЗ Тетово 075 240 464
ЦЈЗ Штип 078 365 613
ЦЈЗ Велес 071 219 278
ЦЈЗ Кочани 071 373 913
ЦЈЗ Куманово 070 215 851
ЦЈЗ Охрид 070 723 029
ЦЈЗ Прилеп 076 475 747
ЦЈЗ Струмица 072 235 543
ПЕ Гостивар 076 365 161
ПЕ Гевгелија 078 545 444

Како до правилна домашна само-изолација?

  • Останете дома, освен во случај на итност. Доколку имате можност, работете од дома.
  • Одделете се од останатите во различни простории. Редовно проветрувајте ги просториите.
  • Доколку имате на располагање, користете посебен тоалет/бања. Во спротивно редовно дезинфицирајте го оној кој сите го користат.
  • Избегнувајте заедничко користење предмети за домаќинство како крпи за раце, постелнина, чаши, прибор за јадење.
  • Доколку нарачувате храна/продукти преку достава, друг член на домаќинството да ги превзема, избегнете контакт со доставувачот.
  • Бидете на безбедно растојание со другите помеѓу 1 и 2 метри.
  • Чистете ги површините во домот коишто најчесто ги користите.
  • Следете ги препораките за превенција од здравствените установи.

Доколку чувствувате исти или слични симптоми на грип, не посетувајте доктор, туку јавете се во центрите за јавно здравје

Што доколку патувате во и од земјите со висок и среден степен на ризик?

Доколку треба да патувате во некоја од земјите кои се на листата на земји заведена со висок или среден степен на ризик, се препорачува да го одложите вашето патување, освен доколку станува збор за патување поврзано со медицински цели.

Доколку патувате од некоја од овие земји, задолжително мора да пријавите на граничната полиција дека патувате од таква земја и да започнете со период на домашна само-изолација во период од 14 дена. 

Доколку во моментов се наоѓате во некоја од наведените земји препорачуваме зголемени мерки на претпазливост во секое време, да се следат локалните медиуми и упатствата на локалните власти. Повеќе информации може да се добијат на travel.mfa.gov.mk.

За подетални информации околу развојот на состојбите во Италија, македонските граѓани можат да го контактираат нашиот Генерален конзулат во Венеција на + 39 389 5837913 или venice@mfa.gov.mk.

Мерки на Владата за спречување на ширењето на КОВИД-19

  1. Да се заострат мерките и активностите за превенција од ширење на корона вирусот.
  2. Да се прекине со воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, основни и средни училишта и високо – образовни установи и во јавните научни институти на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 14 дена. Се прекинуваат и сите воншколски или дополнителни програми како што се курсеви за странски јазици и слично.
  3. За спроведување на оваа мерка еден од родителите на децата до 10 години, што ќе бидат ослободени од обврската да одат во градинките или да ја следат наставата, ќе бидат ослободени и од обврската да ги извршуваат работните обврски.
  4. Да се забранат масовни собири и настани на отворен и затворен простор, како и сите културни настани и манифестации на територијата на Република Северна Македонија, со над 1000 учесници, во наредните 14 дена. Владата препорачува неодржување на јавни настани на кои се очекува присуство до 1000 учесници.
  5. Да се забрани присуство на гледачи (публика) на сите спортски настани на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 30 дена.
  6. Да се воведе задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средно ризичните држави, во период од 14 дена (согласно листата на Светската здравствена организација).
  7. Да се забрани извоз на медицинска опрема и медицински средства и материјали од страна на економските оператори и производители од Република Северна Македонија, освен со посебна дозвола која ја издава Министерство за здравство.
  8. Да се препорача на возрасните и високоризичните категории на граѓани со хронични болести да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз.
  9. Да се препорача избегнување на патување во земји кои се од висок и среден ризик, согласно листата од Светската здравствена организација.
  10. Државната изборна комисија да ги ослободи од понатамошно учество во изборниот процес вработените од јавните здравствени установи и да бидат заменети со други лица.
  11. Физичките и правните лица што не ги почитуваат и кои ги прекршуваа препораките ќе бидат казнети согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.
  12. Да се воведе health locator карта за сите летови и сите авиокомпании, односно образец кој ќе го пополнуваат патниците со податоци за полесно контактирање доколку за тоа се укаже потреба.
  13. Да се забрани организиран меѓународен автобуски превоз (автобус, комбе, минибус и сл.) кон високо ризичните земји, како и од тие земји кон Република Северна Македонија.
  14. Да се зајакне присуството на волонтерите од Црвениот крст на Република Северна Македонија, во соработка со Министерството за здравство, на сите гранични премини.
  15. Целосно да се почитуваат мерките за превенција од оваа болест, упатени од Министерството за здравство кои се однесуваат на засилени хигиенски мерки.
  16. Да се упати заклучок и препорака од страна на Владата на Република Северна Македонија до сите органи на државната управа и до едниците на локалната самоуправа за времен прекин од работни обврски (не одење на работно место и да останат во своите домови) за бремените жени и хроничните болни лица.
  17. Сите јавни претпријатија и приватни компании што вршат јавен превоз на патници да вршат редовна дезинфекција на превозните средства.
  18. Владата им препорачува на сите владини и државни институции, како и на јавните претпријатија да ги откажат сите патувања или да ги организираат предвидените состаноци преку интернет комуникацијата.
  19. Се задолжуваат сите владини и државни институции, како и јавните претпријатија да воведат мерки за заштита и за дезинфекција во сите државни институции на влезовите во институциите. Оваа мерка Владата им ја препорачува и на компаниите од реалниот сектор.Преземете ги мерките и заклучоците од 15-тата Седница на Владата тука.

.

БЕСПЛАТНИ ДИГИТАЛНИ ПЛАТФОРМИ, АПЛИКАЦИИ И СОДРЖИНИ ЗА УЧЕЊЕ ДОМА

Една од мерките кои ги усвои Владата на Република Северна Македонија за заштита на јавното здравје во услови на брзо ширење на коронавирусот е привремен прекин на воспитно – образовниот процес во државата. Основците и средношколците не одат на училиште, не посетуваат настава. Помалите од нив не посетуваат градинка. Но, тоа не значи дека образовната надградба треба да застане. Напротив, има многу начини како децата да продолжат да се едуцираат и во вакви вонредни околности, во домашни услови.
Препорака на Министерството за образование и наука е да се практикува оваа листа на бесплатни и слободни за користење дигитални платформи, апликации и содржини што може да бидат корисни за едукација на младите.

За да пристапите до линковите притиснете тука:

Известување во врска со издавање на потврди за редовен ученик!

Поради прекинот не воспитно-образовниот процес еден од родителите на децата до 10 години, што ќе бидат ослободени од обврската да одат во градинките или да ја следат наставата, ќе бидат ослободени и од обврската да ги извршуваат работните обврски. Отсуствата од работа ќе се докажуваат со потврди кои ќе ги издаваат градинките и основните училишта. Во ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар потврди за редовен ученик на учениците од I до IV одделение ќе се издаваат во Петок на 13.03.2020 година и во Понеделник на 16.03.2020 година од 9 до 12 часот.

 
 
 
 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕКИН НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС ВО УЧИЛИШТАТА

Владата на Република Северна Македонија на 15-та Седница ја разгледа информацијата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи за преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот, по сугестија на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, меѓу другите ги донесе и следните заклучоци, мерки и препораки:

– Да се заострат мерките и активностите за превенција од ширење на корона вирусот на целата територија на Република Северна Македонија.
– Да се прекине со воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, центри за ран детски развој, дневни центри, основни и средни училишта на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 14 дена, а вработените лица во овие институции да бидат ослободени од работа во овој период.
– Да се прекине со посета на сите воннаставни активности и други приватни активности кои децата ги извршуваат вон наставата (посета на воспитно-образовни активности, курсеви, дополнителни часови, спортски тренинзи и слично) во наредните 14 дена.
– Се задолжува Министерство за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието, согласно одредбите од Законот за основното образование и Законот за средното образование, да ја организираат наставата согласно законските прописи за деновите кои нема да се работат.
– Да се препорача избегнување на патување во земји кои се од висок и среден ризик, согласно листата од Светската здравствена организација.
– Физичките и правните лица што не ги почитуваат и кои ги прекршуват препораките да бидат казнети согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.
– Да се забрани организиран меѓународен автобуски превоз (автобус, комбе, минибус и сл.) кон високо ризичните земји, како и од тие земји кон Република Северна Македонија.
– Целосно да се почитуваат мерките за превенција од оваа болест, упатени од Министерството за здравство.
Имајќи ги во предвид Заклучоците од Владата, како и од Комисијата за заразни болести, Министерството за образование и наука ги извести сите основни и средни училишта да прекинат со реализација на воспитно-образовниот процес од 11.03.2020 година, во траење од 14 дена, односно од 11.03.2020 година заклучно со 24.03.2020 година.

Исто така, Министерството за образование и наука ги извести училиштата дека во наредниот период ќе добијат насоки за натамошна реализација на воспитно-образовниот процес во училиштата.

Министерството за образование и наука повторно АПЕЛИРА континуирано да се следат насоките и препораките од Светската здравствена организација, Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Владата на Република на Северна Македонија.

 

Прекин на воспитно-образовниот процес

Ги известуваме учениците, родителите и вработените во ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар дека со одлука на владата со цел превенција од ширење на корона вирусот се прекинува со воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, основни и средни училишта и високо – образовни установи и во јавните научни институти во наредните 14 дена.

 

НОВА ГОДИНА, НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ. СОЦИЈАЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ КОИ БАРААТ РЕШЕНИЕ ОД МЛАДИ ИНОВАТОРИ!

Во периодот од 27 – 29 февруари 2020 година, тим на ученици од нашето училиште учествуваа во тридневна обука за социјално претприемништво – UPSHIFT која се одржа во Хотел Дрим во Струга. Во тимот кој го претставуваа нашето училиште беа 5 ученички од IX одделение и тоа: Јована Димоска, Јана Котевска, Христина Анѓелевска, Мануела Веселинова и Јована Илијовска заедно со нивниот ментор наставничката Весна Николовска.
UPSHIFT е програма развиена од страна на УНИЦЕФ, и има за цел преку решавање на социјални проблеми и предизвици да им помогне на младите луѓе да развијат нови вештини и знаења кои се применливи во решавање на било каков проблем, да научат повеќе за социјалното претприемништво, да научат да дизајнираат, развијат и спроведат идеја и да стекнат нови пријателства.
Програмата ја реализира CEED Hub Скопје со поддршка на Министерство за образование и наука, Фондот за иновации и технолошки развој, УНИЦЕФ и Бирото за развој на образованието.
Од цела Македонија имаше пријавено 36 училишта, а во програмата учествуваа десетте тимови кои имаат најголем потенцијал.

 

Стручно предавање на тема: „ Да ги заштитиме пчелите за заедничка иднина “

На 21.02.2020 година во ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар беше реализирано стручно предавање на тема: „ Да ги заштитиме пчелите за заедничка иднина “ во организација на Регионалното географско друштво Геосфера Битола и Сокотаб ДООЕЛ Битола.
Учениците имаа можност да се запознаат со градбата и животниот циклус на пчелите, со пчелните производи , со улогата на пчелите во животот на секој од нас и нивната заштита.
Беа исто така дадени насоки како секој од нас може да придонесе во нивниот опстанок.
Потоа следуваше работилница каде учениците на креативен начин ги искажаа стекнатите знаења за пчелите.

 

Активности реализирани во ООУ „Гоце Делчев“ – Демир Хисар во рамките на Неделата на информатикат

Активности реализирани во ООУ „Гоце Делчев“ – Демир Хисар

Во рамките на Неделата на информатиката, во периодот од 10 до 14 февруари 2020 година во нашето училиште ООУ„Гоце Делчев“, Демир Хисар го одбележавме Денот на безбеден Интернет на 11.02.2020 година (вторник).

За време на часовите по информатика беа реализирани повеќе активности се со цел да се подигне свеста кај младите (кај децата и тинејџерите) за потребата од побезбедно и поодговорно користење на онлајн технологиите и паметните телефони, како и креирање на подобар Интернет за сите. Беа спроведени повеќе активности на кои учениците се запознаа преку различни вежби и работилници со препознавање и справување со сајбер насилството, заштита на своите лични податоци и слично. Од понудените активности беа реализирани: „Барометар на чувства“, „Ден за побезбеден интернет“ и „Кодирај го своето име“. Учениците беа активни и заинтересирани за време на реализацијата на часовите.

Вкупно учествуваа 122 ученици, на возраст од 11 до 15 години (од VI до IX одделение).

Наставник по информатика

Весна Николовска