Во периодот од 27 – 29 февруари 2020 година, тим на ученици од нашето училиште учествуваа во тридневна обука за социјално претприемништво – UPSHIFT која се одржа во Хотел Дрим во Струга. Во тимот кој го претставуваа нашето училиште беа 5 ученички од IX одделение и тоа: Јована Димоска, Јана Котевска, Христина Анѓелевска, Мануела Веселинова и Јована Илијовска заедно со нивниот ментор наставничката Весна Николовска.
UPSHIFT е програма развиена од страна на УНИЦЕФ, и има за цел преку решавање на социјални проблеми и предизвици да им помогне на младите луѓе да развијат нови вештини и знаења кои се применливи во решавање на било каков проблем, да научат повеќе за социјалното претприемништво, да научат да дизајнираат, развијат и спроведат идеја и да стекнат нови пријателства.
Програмата ја реализира CEED Hub Скопје со поддршка на Министерство за образование и наука, Фондот за иновации и технолошки развој, УНИЦЕФ и Бирото за развој на образованието.
Од цела Македонија имаше пријавено 36 училишта, а во програмата учествуваа десетте тимови кои имаат најголем потенцијал.