Во ОУ “Гоце Делчев” Демир Хисар на 3ти декември, по повод Неделата за борба против СИДА беше одржано предавање со цел да се подигне нивото на свеста кај учениците за СИДА. На учениците им беа пренесени основни информации за вирусот ХИВ, начин на пренесување и заштита. На предавањето учествуваа сите ученици од IX-то одделение. Предавањето беше во организација на Општинската организација на Црвен Крст од Демир Хисар.
ИЗВЕДУВАЊЕ НА ТАКТИЧКО ПОКАЗНА ВЕЖБА ВО ОУ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ДЕМИР ХИСАР
Во ООУ „Гоце Делчев“, Демир Хисар се одржа изведување на тактичко показна вежба за гаснење пожар и извлекување на учениците и персоналот, а учесници во вежбата беа : ТППЕ – Демир Хисар, ОО на ЦК Демир Хисар, Брза помош и МВР – Демир Хисар.
Натпревар дабар
Во период од 12 – 16 ноември 2018 г. се одржа натпреварот Дабар во нашето училиште во организација на наставничката по информатика Весна Николовска. Натпреварот се организира секоја година откако е започнат на ниво на Р.Македонија. Дабар е интернационален предизвик (еден вид натпревар), наменет за ученици од основните и средните училишта (почнувајќи со 1во одделение), кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Оваа година од нашето училиште учествуваа вкупно 170 ученици (од I до IX одделение), од кои 68 машки и 102 женски. Интересно е да се спомене фактот дека се повеќе има заинтересирани девојки за учество на натпреварите и општо за програмирањето и информатиката како наука.

НЕДЕЛАТА НА КОДИРАЊЕ ВО ОУ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ДЕМИР ХИСАР
Неделата на кодирање е иницијатива поддржана од Европската Комисија, истата е лансирана за прв пат во 2013-та година, и има за цел зголемување на дигиталните вештини во Европа. Во рамките на Европската недела на кодирање во 2017 година беа одржани вкупно 25.089 настани во 52 земји ширум светот, а учество земаа над 1 милион учесници. Македонија активно учествува во Европската недела на кодирање преку пријавување на настани во различни образовни институции. Оваа година неделата на кодирање е од периодот 6 до 21 октомври 2018 година. Во нашето училиште беа организирани два настани и тоа: 1. Гости – предавачи од успешната компанија Interworks и 2. Реализиран е час со УТТП каде што учениците беа запознаени со основните концепти на програмирањето и имаа можност практично да се обидат да изработат некои малечки, едноставни програмчиња следејќи конкретни задачи.