НЕДЕЛАТА НА КОДИРАЊЕ ВО ОУ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ДЕМИР ХИСАР

Неделата на кодирање е иницијатива поддржана од Европската Комисија, истата е лансирана за прв пат во 2013-та година, и има за цел зголемување на дигиталните вештини во Европа. Во рамките на Европската недела на кодирање во 2017 година беа одржани вкупно 25.089 настани во 52 земји ширум светот, а учество земаа над 1 милион учесници. Македонија активно учествува во Европската недела на кодирање преку пријавување на настани во различни образовни институции. Оваа година неделата на кодирање е од периодот 6 до 21 октомври 2018 година. Во нашето училиште беа организирани два настани и тоа: 1. Гости – предавачи од успешната компанија Interworks и 2. Реализиран е час со УТТП каде што учениците беа запознаени со основните концепти на програмирањето и имаа можност практично да се обидат да изработат некои малечки, едноставни програмчиња следејќи конкретни задачи.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *