Во период од 12 – 16 ноември 2018 г. се одржа натпреварот Дабар во нашето училиште во организација на наставничката по информатика Весна Николовска. Натпреварот се организира секоја година откако е започнат на ниво на Р.Македонија. Дабар е интернационален предизвик (еден вид натпревар), наменет за ученици од основните и средните училишта (почнувајќи со 1во одделение), кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Оваа година од нашето училиште учествуваа вкупно 170 ученици (од I до IX одделение), од кои 68 машки и 102 женски. Интересно е да се спомене фактот дека се повеќе има заинтересирани девојки за учество на натпреварите и општо за програмирањето и информатиката како наука.
