Oпштински училишен натпревар во прва помош

На 05.06.2019 година во спортското игралиште на ОУ „Гоце Делчев“,се одржа општински училишен натпревар во прва помош во организација на општинската организација на Црвен Крст од Демир Хисар. На натпреварот нашето училиште учествуваше со два тима составени од ученици од деветто и осмо одделение, а исто така со свои тимови учествуваа ученици од ОУ „Браќа Миладиновци“, с. Жван и СОУ „Крсте Петков Мисирков“, Демир Хисар. Како најуспешна на овој натпревар беше I-та екипа од ОУ „Гоце Делчев“, Демир Хисар, со што се пласира и ќе учествува на државен натпревар. 
Покрај општинската организација на Црвениот крст од Демир Хисар, натпреварот го поддржаа и учествуваа доктори од Здравствениот дом во Демир Хисар кои заедно со наставниците помогнаа во обучувањето на екипите и во спроведувањето на самиот наптревар, како и градоначалникот на општина Демир Хисар кој исто така присуствувуваше на натпреварот. 
Им честитаме на сите учесници и му посакуваме среќа на победничкиот тим на државниот натпревар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *