Учениците од ОУ „Гоце Делчев“ и оваа година го одбележаа први април – денот на смеата и шегата. Учениците со пригодни маски продефилираа од училиштето до плоштадот, каде заедно со децата од градинката ЈОУДГ “Втори Септември” – Демир Хисар и учениците од гимназијата СОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Демир Хисар приредија првоаприлски маскенбал.
Европски квиз на парите
6 ученици од нашето училиште учествуваа на 27 март во Скопје, во Економскиот факултет на Европскиот квиз на парите кој што е иницијатива во земјава на Македонската банкарска асоцијација којашто го организира квизот во соработка со Народната банка, Министерството за образование и наука и Комисијата за хартии од вредност. Овој натпревар се спроведува во рамките на Европската недела на парите. Неговата основна цел е финансиска едукација на младите од 13 до 15 години. На овој натпревар учество зазедоа над 3000 ученици од основните и средни училишта, а во финалето влегоа 150 тимови (од по двајца ученици), од кои 3 тимови беа од нашето училиште. Учениците постигнаа солидни резултати – Честитки и уште поголеми успеси во иднина! Наставник: Весна Николовска
ПРЕДИЗВИК – УЧИЛИШЕН РЕПОРТЕР
Учениците од ОУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар учествуваа во предизвикот „УЧИЛИШЕН РЕПОРТЕР“ во организација на TVB.mk – медиум за млади. Тие изработија видео прилог од подготовката на Новогодишниот базар. Видеото беше изработено под менторство на наставниците: Андријана Котевска, Анастасија Трајковска, Александар Богоевски, Љубомир Прчков, а во изработката на видеото учествуваа учениците: Софија Стевановска, Елена Котевска, Ангела Чамовска, Мануела Веселинова, Јана Котевска,Јована Димовска, Христина Ангелевска, Стефани Нешковска, Маја Велевска, Емилија Лазаревска., Михаел Николовски. Приологот може да го погледнете на следното видео.
СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!
Новогодишна претстава
Најдобро украсена училница
Како и секоја година пред новгодишните празници во ОУ “Гоце Делчев“ Демир Хисар се изврши избор за најдобро украсена училница. Во предметна настава за најдобро украсена училница беше избрана училницата на VIII-в одделение, а во одделенска настава училницата на II-а одделение. Оваа година за прв пат во изборот учествуваа и подрачните училишта, па така за најдобро украсени училници од подрачните училишта беа избрани ПУ Журче I-V одделение и ПУ Единаковци I и III одделение.
Новогодишен Базар на ОУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар
Доколку временските услови не се соодветни за одржување на базарот на отворено, истиот ќе се одржи во холот на Домот на културата „Илинден“ Демир Хисар.
Посета на произвотственото претпријатие Ксенос Демир Хисар
На 12.12.2018 година учениците од IX одделение беa во посета на произвотственото претпријатие Ksenos Demir Hisar. Целта на оваа посета беше да се запознаат учениците со произвотствениот процес и факторите на произвотство во ова претпријатие, како и учениците да ја разберат важноста од иновациите како основа за економски развој. Исто така, со оваа посета, учениците имаа можност и да се запознаат со еден претприемач од околината, со што се запознаа со неговата улога и придонесите во локалната заедница и опшеството. Во „КСЕНОС“ бевме срдечно пречекани од страна на вработените и се прошетавме низ халите каде што се одвиваше моментално преработка на овошје и тоа: слива и вишна. Наставник: Весна Николовска.
Недела за борба против СИДА
Во ОУ “Гоце Делчев” Демир Хисар на 3ти декември, по повод Неделата за борба против СИДА беше одржано предавање со цел да се подигне нивото на свеста кај учениците за СИДА. На учениците им беа пренесени основни информации за вирусот ХИВ, начин на пренесување и заштита. На предавањето учествуваа сите ученици од IX-то одделение. Предавањето беше во организација на Општинската организација на Црвен Крст од Демир Хисар.
ИЗВЕДУВАЊЕ НА ТАКТИЧКО ПОКАЗНА ВЕЖБА ВО ОУ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ДЕМИР ХИСАР
Во ООУ „Гоце Делчев“, Демир Хисар се одржа изведување на тактичко показна вежба за гаснење пожар и извлекување на учениците и персоналот, а учесници во вежбата беа : ТППЕ – Демир Хисар, ОО на ЦК Демир Хисар, Брза помош и МВР – Демир Хисар.