6 ученици од нашето училиште учествуваа на 27 март во Скопје, во Економскиот факултет на Европскиот квиз на парите кој што е иницијатива во земјава на Македонската банкарска асоцијација којашто го организира квизот во соработка со Народната банка, Министерството за образование и наука и Комисијата за хартии од вредност. Овој натпревар се спроведува во рамките на Европската недела на парите. Неговата основна цел е финансиска едукација на младите од 13 до 15 години. На овој натпревар учество зазедоа над 3000 ученици од основните и средни училишта, а во финалето влегоа 150 тимови (од по двајца ученици), од кои 3 тимови беа од нашето училиште. Учениците постигнаа солидни резултати – Честитки и уште поголеми успеси во иднина! Наставник: Весна Николовска