Одбележување на Неделата на информатиката 2020 во ООУ „Гоце Делчев“ – Демир Хисар

По повод Неделата на информатиката и Денот за побезбеден Интернет, кој годинава се одбележуваше на 11 Февруари 2020 год, во нашето училиште (ООУ „Гоце Делчев“ во Демир Хисар) се реализира работилница со 18-те ученици од III-а одд. и одделенскиот наставник Валентина Димоска. На почетокот следеше подготовка за успешна реализација со избор на активности и работилница која одговараше на возраста од учениците и нивни поттик за понатамошно зголемување на интересот за изучување на информатиката, како и нивна безбедност при работа на Интернет (ова се и едни од многуте цели кои се реализираат по предметот Работа со компјутери и основи на програмирањето во III одд. според Наставниот план и програма). Најпрво се дискутираше со учениците за можностите кои ги нуди Интернетот и исто така се информираа како социјалните мрежи и целата онлајн комуникација влијае врз нив и како да се заштитат и да се чувствуваат безбедно додека се на Интернет.

За таа цел, учениците следеа презентација Безбедно за деца со содржини кои ги поттикнаа на размислување, а со тоа ги подготви за следење на следната презентација Побезбедно на интернет. Оваа презентација ја следевме сите заедно (наставничката со учениците од кои формиравме два тима – екипи со натпреварувачки дух), каде следуваше читање на прашањата од квизот и дискусија за одговорите кои ги даваа учениците од двете екипи. Учениците активно учествуваа во дискусијата и научија како да се однесуваат на Интернет и како да постапат ако се најдат во некоја незгодна ситуација. Потоа организиравме kahoot квиз. Учениците се чувствуваа среќно и исполнето.

Во следната активност формиравме 3 групи кои добија соодветни упатства за реализација на активноста и потребниот материјал (големи бели листови и прибор за пишување и цртање). Групите работеа на техниката Грозд и притоа пишуваа Правила за работа со компјутери (Побезбедно на Интернет). На крај членовите од секоја група извршија презентација на идеите, за кои повторно се водеше дискусија, а потоа изработките од групите ги истакнавме во информатичкото катче во училницата.

Планираната работилница богата со активности во успешно и во целост се реализира, а ефектите и придобивките од работилницата се позитивни и продуктивни во зголемување на знаењата на учениците и нивна безбедност на Интернет.

Реализатор на активностите: Валентина Димоска – одделенски наставник во III-а одд. ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар.

 

Избор на најдобро украсена училница за новата 2020 година

Во ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар како и секоја година така и оваа пред почетокот на новогодишните празници се избираше најдобро украсена училница. Се избираа победници помеѓу училниците од подрачните училишта, и во одделенска и предметна настава во централното училиште. Оваа години побендици се: ПУ Журче во подрачните училишта, I-во одделение во одделенска настава во централното училиште и IX-в одделение во предметна настава.

 

Се одржа новогодишниот база на ООУ „Гоце Дечев“ Демир Хисар

На градскиот плоштат во Демир Хисар, во организација на ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар во прекрасно празнично расположение се одржа традиционалниот новогодишен базар. Нашите ученици ги продаваа новогодишните творби кои самите ги изработија. Средствата собрани од базарот ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

 

Новогодишен базар на ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар

На 27.12.2019 година во 11:00 часот на Градскиот плоштад во Демир Хисар ќе се одржи традиционалниот новогодишен базар на ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар. На базарот ќе се продаваат новогодишни творби изработени од учениите, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
Доколку временските услови не се соодветни за одржување на базарот на отворено, истиот ќе се одржи во холот на Домот на културата „Илинден“ Демир Хисар.

ПРЕДАВАЊЕ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА ХИВ/СИДА

Во ООУ “Гоце Делчев” Демир Хисар на 16ти декември, по повод Неделата за борба против СИДА беше одржано предавање со цел да се подигне нивото на свеста кај учениците за СИДА.  На учениците им беа пренесени основни информации за вирусот ХИВ, начин на пренесување и заштита. На предавањето учествуваа сите ученици од IX-то одделение. Предавањето беше во организација на Општинската организација на Црвен Крст од Демир Хисар а беше реализирано од доктор од Здравствниот дом во Демир Хисар.

Одбележување на 3 Декември – Меѓународен ден на лицата со посебни потреби

На 02.12.2019 година во просториите на СОУ „Крсте П. Мисирков“ Демир Хисар, претставници на нашето училиште како и дел од учениците присуствуваа на одбележувањето на 3 Декември – Меѓународен ден на лицата со посебни потреби како и на 41виот роденден на ЦПЛИП Порака Демир Хисар. Учениците исто така учествуваа и беа наградени на претходно распишаниот литературен и ликовен конкурс на тема „Надежта живот зрачи“.
На литературниот конкурс наградени беа:
1. Викторија Шурбевска VI-в
2. Јована Цветановска VI-а
3. Елена Котевска VII-б
На ликовниот конкурс наградени беа:
1.Јована Цветаноска VI-a
2.Елеонора Нешковска VI-в
3.Јована Иваноска VI-в
На нашето училиште од страна на претседателот на ЦПЛИП Порака Демир Хисар, Љубе Димчевски му беше доделена благодарница за успешна соработка.

Подигнување на свеста на децата за побезбедно учество во сообраќајот на учениците

Денес во ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар претставници на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во рамките на кампањата за поголема безбедност во сообраќајот – акција „безбедни првачиња“ имаа предавање со учениците од I-во одделение со цел подигнување на свеста на децата за побезбедно учество во сообраќајот на учениците. Исто така на првачињата им беа доделени детски флуросцентни елечиња.

ДРЖАВНО УЧИЛИШНО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ

ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар денес беше домаќин на Државното првенство во шах за основно и средно образование кое се одржа во спортската сала „Јордан Пиперката”, во оранизација на Федерацијата на училишен спорт на Северна Македонија. На првенството учествуваа натпреварувачи од целата држава, а на најдобрите им беа доделени дипломи.
Од нашето училлиште на Државното првенство успешно се претставија:

Андреј Јанковски V одд
Христијан Солунчевски VI одд
Далибор Ѓорелевски VII одд
Валентин Бојаџиев VIII одд
Леонид Наловски VIII одд
Давид Ангелевски IX одд
Христијан Петровски IX одд

Им честитаме на сите учесници!

 

Предавање за учениците со цел подигање на свеста во поглед на контролата на бездомните кучиња

На 21.11.2019 година во ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар се одржа предавање за учениците со цел подигање на свеста во поглед на контролата на бездомните кучиња. Презентацијата беше одржана од страна на д-р Жан Котевски и д-р Игор Цветановски, Ветеринарна амбуланта „Зебра”, Демир Хисар, во соработка со Одделението за инспекциски работи – инспекторат, при Локалната самоуправа.

Учениците беа запознати околу едукацијата и подигнување на јавната свест која е клучна за справување хуман третман на кучињата скитници.

Државно првенство во шах

Ве информираме дека ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар оваа година е организатор на Државното првенство во шах за основни училишта. Првенството ќе се одржи во спортската сала „Јордан Пиперката“ на 22.11.2019 година во Петок. Ги повикуваме учениците кои сакаат да се натпреваруваат да се пријават кај Живко Јошевски и Роберто Радевски, наставници по ФЗО во ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар. Натпреварувачите ќе бидат поделени во повеќе категории по возраст и пол.