Во ООУ “Гоце Делчев” Демир Хисар на 16ти декември, по повод Неделата за борба против СИДА беше одржано предавање со цел да се подигне нивото на свеста кај учениците за СИДА. На учениците им беа пренесени основни информации за вирусот ХИВ, начин на пренесување и заштита. На предавањето учествуваа сите ученици од IX-то одделение. Предавањето беше во организација на Општинската организација на Црвен Крст од Демир Хисар а беше реализирано од доктор од Здравствниот дом во Демир Хисар.



